Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање
Агровести

Сообраќајот Кратово – Ранковце ќе биде во прекин поради минирање

Објавено 13/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во два наврата денеска ќе има прекин во сообраќајот на патот Ранковце – Кратово поради градежни активности за рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

За денеска фирмата изведувач „Гулермак”, подружница Скопје со Мактек ДООЕЛ, најавува двократно минирање во близина на регионалниот пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205.

Како што се наведува во соопштението од „Гулермак”, ќе се реализира минирање во два наврати, подготовките за минирањето ќе започнат во девет часот,  а самото минирање ќе заврши најдоцна до 21 часот.

-Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Кратово кон Ранковце ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови. Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, се наведува во соопштението од „Гулермак”.

Работите на терен се извршуваат како дел од  реализацијата на проектот „Изведба и завршување на преостанатите работи на втората делница, Бељаковце – Крива Паланка” во рамки на проектот за Рехабилитација на железничкиот Коридор 8.

Останатиот регионален пат што ги поврзува општините Ранковце и Кратово,  Р29281 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива Река. Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Кратово.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КратовоминирањеРанковцесообраќајот
Претходен напис ЦУК апелира да не се палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа, а пожарите да се пријавуваат веднаш на 112
Следен напис Митови, преданија и легенди за петок 13-ти
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?