Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, обезбедена поддршка за прозиведеното винско и трпезно грозје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, обезбедена поддршка за прозиведеното винско и трпезно грозје
Агровести

МЗШВ: Ниту еден лозар нема да биде оставен сам, обезбедена поддршка за прозиведеното винско и трпезно грозје

Објавено 11/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Став на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во однос на денешниот протест на група лозари

Како министерство сите овие години во дело сме докажале дека сме искрен партнер на лозарите. Дека се грижиме и даване поддршка за секој еден земјоделец.

При бербата и откупот на грозјето, како и секоја година, така и оваа бевме во постојана комуникација и координација со подсекторската група за вино и грозје, следејќи ја бербата, откупот и цената по која се откупува.

Оваа година поради климатските промени, честите дождови и појавата на болести, имаме послаб род кај лозарите. Ова пак од друга страна допринесува оваа година винариите да се борат за грозје, по цена која е прифатлива за лозарите.

Како министерство и оваа година лозарите не ги оставаме сами.

Уште при бербата министерот Љупчо Николовски од Неготино ја најави  мерката за поддршка на сите лозари, која како предлог се дава до подсекторската група за вино и грозје.

Со оваа мерка се дава поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка и за прозиведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари по хектар. Мерка која ја предлагаме дава двојно поголема поддршка од онаа која лозарите од протестот ја упатуваат како барање за 2 денари по килограм. Мерката која ја предлагаме за прв пат ги опфаќа сите лозаропроизводители.

Веднаш по завршување на бербата, добивајќи ги точните бројки, до Владата на усвојување ќе ја предложиме мерката. Заедно и овој предизвик ќе го поминеме.

Лозарите до крајот на годината, покрај оваа допопнителна поддршка, добиваат и 12.000 денари, авансна исплата на 30% од субвенциите за тековната 2023 година, а остатокот од 28.000 денари, традиционално како и секоја година за празникот Св. Трифун.

Со новиот модел за субвенционорање, кој од оваа годона старуваше, за лозарите нема услов за минимални количини на произведено и набрано грозје, па затоа сите лозари независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава.

Оваа Влада и министерство секогаш била на страната на лозарите. Нашата грижа за секој еден земјоделец продолжува.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:винсколозармзшвоставен самподдршкатрпезно грозје
Претходен напис Лозари го блокираа патот Кавадарци – Неготино, бараат подобри услови за лозаропроизводство 
Следен напис Студено утро, преку ден сончево со температура до 28 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?