Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во ТИРЗ зоните за една година отворени околу 2000 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во ТИРЗ зоните за една година отворени околу 2000 работни места
Агровести

Во ТИРЗ зоните за една година отворени околу 2000 работни места

Објавено 08/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во компаниите во ТИРЗ зоните за една година се отворени околу 2000 работни места, покажуваат податоците на Дирекцијата на технолошко-развојни зони. 

Бројот на вработени во зоните во септември се искачил на 17.558 што е за 13 проценти повеќе споредено со истиот период лани, а за 25 проценти повеќе во однос на септември 2021 година и за 31 процент во однос на 2020 година. 

– Редовната месечна анализа на Дирекцијата покажува дека континуираниот раст на вработените продолжува и само за еден месец 200 наши сограѓани добиле нови работни места, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Заклучно со септември е регистриран и раст на извозот и увозот. Во првите девет месеци од годината компаниите во зоните оствариле извоз од 2,8 милијарди евра што е за 8 проценти повеќе споредено со истиот период минатата година. Само во септември, извозот достигнал 329 милиони евра, а споредено со почетокот од годинава извозот е зголемен за 19 проценти.

Увозот од почетокот на годинава досега достигнал над 2,3 милијарди евра. Само во јули годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 275 милиони евра што е за 20 проценти пониско ниво споредено со септември лани, но за 45 проценти и 55 проценти повисоко во однос на септември 2021 и 2020 година.

– Поради ваквите економски движења и нето извозот е во позитива, а заклучно со септември изнесува 22 проценти, велат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Очекувањата се да продолжи ваквиот позитивен тренд до крајот на годинава поради зголемениот обем на склучени договори за инвестиции. Годинава се склучени договори во вредност од 350 милиони евра и веќе се реализираат дел од планираните 6000 нови работни места. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:вработувањаТирз
Претходен напис ЦУК: Активни пет пожари
Следен напис Утре пад на температурата за 3 до 6 степени, во вторник и среда услови за краткотраен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?