Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Македонската храна е со највисок квалитет и е барана поради вредните раце на нашите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ковачевски: Македонската храна е со највисок квалитет и е барана поради вредните раце на нашите земјоделци
Агровести

Ковачевски: Македонската храна е со највисок квалитет и е барана поради вредните раце на нашите земјоделци

Објавено 07/10/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„На овие штандови денеска се нашиот бакрдан, вкусното ѓомлезе, сочните сирења, кашкавали, македонското макало, нашиот македонски мед, ајвар, надалеку познатото македонско вино и уште многу други традиционални производи.  Нивниот квалитет е највисок и баран а тоа е благодарение на нашата плодна почва и поднебје, на многуте сончеви денови, и пред се на вредните раце на нашите земјоделци“ рече премиерот Димитар Ковачевски на Вториот национален саем за храна и пијалаци во Скопје.

Тој додаде дека тоа е резултат на долги години земјоделска, сточарска, лозарска, овоштарска традиција, која посветено се пренесувала од генерација на генерација, тука во срцето на Балканот.

„Денеска, овде, ја славиме традицијата, но истовремено ја испраќаме и пораката дека зголемување на домашното производство на земјоделски производи и храна е еден од најважните приоритети на Владата. Економската и енергетската криза покажаа колку е важно да произведуваме доволно за дома, но и за извоз, за да ја зајакнеме економијата“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека тоа подразбира стратегија која опфаќа повеќе сегменти, од модел на субвенции, капитални инвестиции, советодавни услуги, европски фондови до вложување во човечки ресурси.

„Затоа, презедовме низа мерки за поддршка на домашното производство на храна, како што е новиот модел за субвенции, капитални инвестиции во водостопанството,  поддршката за малите производители на храна, за малите семејни винарии, за младите земјоделци, за жените земјоделки и други мерки“, рече Ковачевски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделциквалитетковачевскиМакедонската храна
Претходен напис Ковачевски: Лидери сме по искористеност на ИПАРД, тоа е доказ дека земјоделството и производството на храна ни се приоритет
Следен напис Ковачевски: Уникатниот вкус на македонските земјоделски производи, храна и вино нѐ прават ценети во светот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?