Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу седумдесет бруцоши се стекнаа со индекс на Факултетот за храна и ветеринарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу седумдесет бруцоши се стекнаа со индекс на Факултетот за храна и ветеринарство
Агровести

Околу седумдесет бруцоши се стекнаа со индекс на Факултетот за храна и ветеринарство

Објавено 03/10/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Околу седумдесет бруцоши денеска се стекнаа со индекс на Факултетот за земјоделски науки и храна, при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Пред многубројните присутни на настанот, се говореше за значењето на производството на храна, можностите што им се нудат на студентите на овој факултет и важноста на професијата. 

Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна Вјекослав Танасковиќ, рече дека ова е 77. генерација на студенти на Факултетот, кои своето образование ќе го продолжат на една од 10 студиски програми на прв циклус студии. 

– Вие избравте да студирате и да се развивате во една од најблагородните и најхуманите струки, струка од која се очекува со вашето учество да влијаете во обезбедување на населението со доволни количества на квалитетна и безбедна храна, им се обрати тој на студентите. 

Деканот информираше дека на овој факултет до денес дипломирале преку 8.200 студенти, магистрирале преку 570, а со степен доктор на земјоделски науки се здобиле повеќе од 260 кандидати.

– Она за што последно се заложивме со сегашниот министер е стипендирање од Владата на Северна Македонија за најдобрите студенти во висина од 18.000 денари месечно, со цел намалување на недостатокот на кадар на пазарот на трудот, додаде Танасковиќ. 

Ректорката на Универзитетот, Биљана Ангелова изјави дека Факултетот за земјоделски науки и храна, е формиран во 1947 година и се вбројува меѓу најстарите високообразовни институции во нашата држава.

– Тој нуди акредитирани студиски програми на сите три циклуси на студии за оформување академски профил, со знаења и вештини кои се неопходни за профитабилно производство и управување со природните ресурси. Факултетот е меѓу првите институции во земјава кој во 2002 година започна со болоњските реформи и има долга традиција и во меѓународната соработка. Во текот на своето долгогодишно постоење, Факултетот има реализирано 728 проекти во соработка со домашни и странски институции и постигнува врвни резултати и огромниот придонес во образовната и научноистражувачката дејност во областа на земјоделството и храната во регионот и пошироко, нагласи ректорката. 

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, соопшти дека за првпат во амбасадата на Германија во Скопје ќе има аташе, лице со импозантно портфолио, задолжено за земјоделство, а ќе го покрива целиот регион. 

– Мислам дека е тоа сериозна порака за поддршка, нагласи Николовски, оценувајќи ја таа поддршка како пријателска, стратешка и многу значајна за нас.  

Тој нагласи дека поддршката ни е многу важна во процесот на пристапување кон Европската Унија. 

Николовски се осврна и на иницијативите и серијата програми за млади луѓе, нагласувајќи дека се единствено Министерство, што одвојува финансиски средства за нивна поддршка.

– Околу 50 студенти  изминативе 18 месеци се практиканти во Министерството, добивајќи шест месеци по 70 проценти од минималната плата во државата, додаде Николовски.

За значењето на секторот земјоделство и храна во Германија и воопшто во Европа, се обрати Џем Оздемир, германски федерален министер за храна и земјоделство. 

На настанот беше посочено дека во контекст на огромното значење на секторот земјоделство и храна за регионот е и формираната Асоцијацијата на факултети од областа на земјоделските науки во ЈИЕ и соработката на сите овие теми, а токму денес ќе се одржи редовен состанок на овој факултет, на кој присуство ќе земат и двајцата министри и ректорката.

На првиот академски час имаше презентација пред бруцошите, за условите за студирање на овој факултет. За останатите студенти, германскиот министер говореше за  условите за германското земјоделство, развојот на производството на храна. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бруцошииндексседумдесетФакултетхрана и ветеринарство
Претходен напис Билателарна средба помеѓу министерот Николовски и Сојузниот министер за храна и земјоделство на Германија, Џем Оздемир
Следен напис Зголемен бројот на работници во август, намалување има во рударството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?