Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Финансиска спогодба за ИПАРД 3, се прошируваат можностите за инвестирање во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Финансиска спогодба за ИПАРД 3, се прошируваат можностите за инвестирање во земјоделството
Агровести

Финансиска спогодба за ИПАРД 3, се прошируваат можностите за инвестирање во земјоделството

Објавено 02/10/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деведест и седум милиони евра европски неповратни средства ќе бидат наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство преку ИПАРД 3 програмата. Финансиската спогодба за ИПАРД 3 денеска во име на Владата ја потпиша вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и министрите за финансии Фатмир Бесими и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според Маричиќ, финансиската спогодба е суштинска за нашето земјоделство и е продолжение на успешната ИПАРД  приказна во државава.

-Преку јакнењето на земјоделскиот сектор се приближуваме кон стандардите утврдени со заедничката земјоделска политика на ЕУ што е една од најважните и во која најмногу се вложува, а чија основна цел е поддршка на економската одржливост на руралните области, рече Маричиќ.

Добрата вест, како што рече евроамбасадорот Гир, е дека ИПАРД 3 ќе ги прошири можностите за инвестирање.

-Покрај традиционалните активности што ги поддржуваме за земјоделски стопанства и за фарми,  ќе има поддршка и за повторно пошумување и заштита на шумите што е исклучително важно за климатските промени. Исто така и за советодавни услуги и за рурална инфраструктуира, како и можност за земјоделците да поднесуваат проекти што ги поттикнуваат оние групи на производители и во кратките синџири на снабдување, рече Гир. 

Првите 30 милиони евра од ИПАРД 3 веќе се на располагање за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7. Мерката 1 се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а приоритетни сектори се: растително и сточарско производство, производство на риба, преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Мерката 7 е за диверзификација на фарми и развој на бизниси, а приоритетни сектори се: алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалаци, производство на непрехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствотоинвестирањеИПАРД 3Финансиска спогодба
Претходен напис (ВО ЖИВО) Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3
Следен напис Во септември имало 778 пожари, само викендот 95 пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?