Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пијанечки денови на сливата денес во Делчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пијанечки денови на сливата денес во Делчево
Агровести

Пијанечки денови на сливата денес во Делчево

Објавено 29/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Делчево по пауза од 4 години се враќаат ,,Пијанечки денови на сливата”, манифестација со која се слави пијанечкиот бренд-сливата како најзастапена овишна култура во регионот Пијанец. Настанот кој ќе се одржи денес со почеток од 12 часот ќе биде збогатен со повеќе содржини и богата културно-уметничка програма. 

-Главна цел на манифестацијата која ќе се одржи на летната сцена е да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај. Во рамки на настанот предвидено е печење на сливова  ракија, а ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи кои ќе можат да се дегустираат. На штандовите ќе бидат изложени традиционалните производи подготвени по старинските рецепти, но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат, информираа од Општина Делчево.  

За ,,Највеселата ракија” предвидени се две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади.

-За највкусниот мармалад или слатко ќе бидат доделени 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, додадоа од Општина Делчево.

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиската поддршка е од Министерството за култура на РСМ. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДелчевоПијанечки денови на сливата
Претходен напис Активен пожарот кај прилепско Алинци, вчера изгаснати 25
Следен напис Лоша сезона за берачите на печурки во Кривопаланечко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?