Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Србија Денови на македонската култура на Кавадарци и Ковин со вино, храна, музика, филмови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Во Србија Денови на македонската култура на Кавадарци и Ковин со вино, храна, музика, филмови
Магазин

Во Србија Денови на македонската култура на Кавадарци и Ковин со вино, храна, музика, филмови

Објавено 26/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Со богата презентација на вино, музика, традиционалната македонска храна и филмови, Кавадарци во збратимената општина во Србија, Ковин, заедно организираат Денови на македонската култура, јави дописникот на МИА од Белград.

На отварањето на првата ваква манифестација на Кавадарци во Србија, која ќе трае до 30 септември, со голем број на посетители од Ковин и другите градови во Војводина, и македонците во Србија, покрај раководството на двете општини Деновите на македонската култура ги отвори в.д амбасадорката во Србија, Михаела Веселинов.

-Тука сме да ја промовираме македонската култура, нашата традиција во Ковин која е наша прва и најстара збратимена општина. Посетителите ќе имаат можност преку изложбата на уметникот Елизабета Јордановска, да ги вкусат прекрасните традиционални рецепти подготвени од нашите вешти жени од Кавадарци, да го дегустираат најдоброто македонско вино од нашите Семејни винарии од Кавадарци и да уживаат во македонската музика, изјави Самоил Капетановски, шеф на кабинетитот на градоначалникот на општина Кавадарци.

Проектот и презентацијата на македонската култура, храна, вино, во Србија се реализира во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

-Долгогодишната соработка со Кавадарци допринесе до едно препознавање на српската и македонската душа и историја, еден ѓердан на пријатество меѓу двата народи, кои се најслични на овие простори, за што говорат и иницијативите на државно ниво, а ние Деновите на македонската култура во Ковин ги напрвивме затоа што навистина имаме братски односи. Се надеваме дека наскоро и во Кавадарци ќе можеме да организираме Денови на српската култура, изјави Миливој Грчиќ, дирекор на Центарот за култура во Ковин.

Во рамки на манифестацијата, ќе бидат прикажани и филмовите Мементо на Димитрие Османи, Врба на Милчо Манчевски, Хомо на Игор Иванов, театарската престава Не играј на Англичани на Домот за култура Иван Мазов од Кавадарци, а манифестацијата ќе заврши на 30 септември со Меѓународниот фестивал на традиционалната музика СРМА, на кој ќе уќествуваат по шест деца, со песни на мајчиниот јазик и со една заедничка песна.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ВиноДенови на култураЈадњеКавадарциКовинСрбија
Претходен напис Од утре гарантирана цена и за безалкохолните пијалаци, донесена одлука и за намалување на профитните маржи кај овошјето и зеленчукот
Следен напис Сончево со повремена облачност и температура до 29 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?