Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река
Агровести

„Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река

Објавено 26/09/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавното претпријатие „Дрисла“ се соочува со казна од 110 до 120 илјади евра, а управителот со казна од шест илјади евра по извршениот вонреден инспекциски надзор по дојава од граѓани од селото Батинци при што е утврдено дека во Маркова река има поголеми концентрации на загадувачки супстанци од дозволеното. 

Од Владата денеска информираа дека вонредниот инспекциски надзор е извршен на 4 септември и дека визуелно е утврдено дека има загадување на Маркова река со темно кафеава течност, но не е почувствуван некаков мирис. Истиот ден од страна на акредитираната лабораторија за животна средина „Еуромак Контрол“ земени се мостри од три места за анализа на водите од Маркова река и една дополнителна мостра доставена од граѓани од Батинци при што се утврдени концентрации на загадувачки супстанци над дозволените гранични вредности кои потекнуваат од исцедокот од депонијата.

– Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ќе поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против правното лице ЈПДКО Дрисла Скопје и против управителот, пред Основниот кривичен суд во Скопје поради одбивање на потпишување на Записникот за спогодба од страна на директорот на Јавно претпријатие за депонирање на комунален отпад Дрисла Скопје, по извршениот вонреден надзор, велат од Владата. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДрислазагадувањеказнаМаркова река
Претходен напис Општина Дојран од Југоисточниот плански регион доби 20 електрични велосипеди
Следен напис Кочански „Водовод“ ќе разменува компост за оризова слама со земјоделците за да се намали нејзиното палење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?