Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Дојран од Југоисточниот плански регион доби 20 електрични велосипеди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Општина Дојран од Југоисточниот плански регион доби 20 електрични велосипеди
Магазин

Општина Дојран од Југоисточниот плански регион доби 20 електрични велосипеди

Објавено 26/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за Општина Дојран набави 20 електрични велосипеди со паметни брави, полнач за електрични автомобили, две градски информативни ЛЦД табли и безжична опрема за интернет конекција на централниот дел од Стар Дојран.

Како што информираа од Центарот, смарт опремата е набавена во рамки на проектот „Туризмот-иднината на регионот“, а со поставувањето на полначот за електрични автомобили, Дојран како туристичка дестинација ќе биде достапна и за туристи кои користат електрични автомобили како превозно средство.

-Информативните ЛЦД табли се поставени на две доста значајни локации и содржат корисни информации за тоа што се случува во Дојран, што е тоа што Дојран го нуди. Дваесетте велосипеди ќе се користат за организирани туристички тури со цел преку изнајмувањето и возењето на електричен велосипед да може да се доживее Дојран на еден нов и поинаков начин, каде освен возењето по пешачко-рекреативната патека долж езерото, мештаните и туристите ќе може да ги откријат и ридските убавини кои досега беа тешко достапни поради теренот, да се посети „Фердинандова“ чешма и да се вози електричен велосипед по патеката од Првата светска војна, стои во информацијата од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Претходно, во рамки на истиот овој проект беше обележана, порамнета и проширена ридската велосипедска патека на Фронтовската линија во должина од 16 километри, започнувајќи од Нов Дојран па се до езерото Паљурци.

Оваа активност е финансирана од Бирото за регионален развој преку Програмата за Рамномерен регионален развој 2022-2023 година, а се имплементира од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Дојран.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:велосипедидојранелектричниЈугоисточниот плански регион
Претходен напис Приведен кичевец, пронајдени огревни дрва без документација
Следен напис „Дрисла“ се соочува со казна од 120 илјади евра и шест илјади евра за управителот за загадување на Маркова река
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?