Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата 
Агровести

ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата 

Објавено 26/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
woman farmer with a tablet in field holds earth in his hands. A farmer checks quality of soil before sowing. girl agronomist checks the quality of sowing grain. business woman checks her field
Сподели
Ad imageAd image

Европската комисија донесе одлука за инвестирање на 90 милиони евра во спроведување на 17 нови истражувачки проекти, како дел од Договорот за почвата во Европа, насочени кон обнова и заштита на почвата за овозможување на одржливо производство на здрава храна, заштита на биолошката разновидност, градење отпорност кон климатските промени и за реализација на целите утврдени со Европскиот зелен договор. 

Во избраните 17 проекти се вклучени 314 учесници од 32 земји, меѓу кои од членки на ЕУ, од државите опфатени во програмата „Хоризонт Европа“ – Израел, Косово, Норвешка, Србија и Турција, како и од Велика Британија, Канада, САД и Швајцарија. 

Меѓу учесниците вклучени во проектите се универзитети, истражувачки институции, мали и средни претпријатија, поголеми компании, невладини организации и органи на локалната власта, кои ќе работат на обновува и заштита на почвата до 2030 година. 

Проектите што ќе се реализираат опфаќаат истражувања и иновации за заштита на почвата, намалување на отпадот од преработка на храна, искористување на остатоците во производство,  тестирање на органски подобрувачи на почвата и на ѓубривата, обезбедување индикатори за мерење на биодиверзитетот на почвата, идентификување на изворите на загадување на почвата, одржливо управување со земјиштето во урбаните и руралните области, намалување на емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, како и за намалување на согорувањето, депонирањето и подобрување на искористувањето на хранливите материи од био-отпадот. 

Овие 17 проекти беа избрани од независни експерти меѓу пријавените 71 проект на конкурсот објавен во 2022 година.  

Со имплементацијата на проектите, од кои веќе некои се започнати со реализација, ќе раководи Европската истражувачка агенција (РЕА).  

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:90 милиони евраеузаштитаинвестираапочвата
Претходен напис Сончево со мала облачност, температурата до 30 степени
Следен напис Владата ќе одлучува за поевтинување на пијалаците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?