Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово
Агровести

Реализирани активности за превенција од имотни деликти, заштита на шумите од пожари и сообраќајна безбедност во Ресен, Новаци, Крушево, Кочани, Кавадарци и Тетово

Објавено 22/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Превенцијата од имотни деликти, заштитата на шумите од пожари и сообраќајната безбедност биле во фокусот на вчерашните превентивни активности одржани на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Велес, Штип, Тетово.

Како што информираат денеска од МВР, на подрачјето на СВР Битола, поточно во општина Новаци полициски службеници ги едуцирале и советувале граѓаните во врска со заштитата и превенирањето на разните облици имотни деликти (кражби, разбојништва, измами) додека, пак, во Ресен во содејство со Шумската полиција биле реализирани средби со граѓани околу заштитата на шумите од пожари, а во Крушево полициските службеници акцентот го ставиле на превенцијата од употреба на оружје и недозволени пиротехнички средства при веслеби и прослави.

-И на подрачјето на СВР Штип, односно во Кочани беше спроведена превентивна активност во рамки на кампањите  „МВР за граѓаните“ и „Сигурноста и безбедноста на граѓаните-наша обврска“, а со цел запознавање и едуцирање на граѓаните за заштита од имотни деликти. Идентично на ова, и во Тетово од страна на полициски службеници при СВР Тетово на локации околу Градскиот пазар беа спроведени активности, односно разговори со продавачи, сопственици на колонијални дуќани и граѓани околу начините на заштита и препознавање на имотните деликти и важноста од соработка и комуникација со полицијата, се наведува во соопштението.

На подрачјето на СВР Велес, поточно во Кавадарци за второодделенците од основното општинско училиште „Страшо Пинџур“, во соработка со општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата била одржана едукативна работилница, а во насока на заштита на децата како пешаци – учесници во сообраќајот.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:активностибезбедностКавадарциКочаниКрушевоНоваципревенцијаРесен
Претходен напис Украина бара дипломатско решение со Полска и Словачка за извозот на жито
Следен напис Форест Фест денес и утре во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?