Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Формиран Координативен одбор за чистење на акумулацијата Калиманци од пластичен и тврд отпад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Формиран Координативен одбор за чистење на акумулацијата Калиманци од пластичен и тврд отпад
Агровести

Формиран Координативен одбор за чистење на акумулацијата Калиманци од пластичен и тврд отпад

Објавено 21/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еколошкото друштво „Здравец“ од Македонска Каменица и Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани во наредниот период ќе реализираат партнерски проект за чистење на акумулацијата Калиманци од пластичен и тврд отпад.

На работен состанок што денеска се одржа во просториите на Општина Македонска Каменица, а на кој покрај градоначалникот и неговите колеги од Берово и Пехчево, присуствуваа и претставници од граѓанскиот сектор и од стопански субјекти, беше формиран Координативен одбор за спроведување на активностите.

-Наша цел е да најдеме трајно решение против загадувањето со пластичен и тврд отпад на езерото Калиманци, кое е едно од најголемите во источниот регион, а што главно го донесуваат двете најголеми реки, Брегалница и Каменичка Река. Досега работевме на подигање на јавната свест кај граѓаните да не ги загадуваат речните корита, но резултатите се минимални. Имавме и четири акции за чистење на околината на вештачкото езеро, при што само во една од нив собравме над десет илјади парчиња пластични шишиња и амбалажа, како и друг отпад. Неопходно е да се најде долгорочно решение за проблемот што има еколошки и естетски последици, но има влијание и во функционалноста на хидросистемот, истакна Миран Митревски, претседател на еколошкото друштво „Здравец“.

Водостопанската подружница „Брегалница“, која стопанисува со акумулацијата Калиманци, дава целосна поддршка за активностите на екологистите да се реализираат заедничките цели за одржливост на животната средина и за нормално функционирање на системот за наводнување на земјоделските површини во регионот.

-Пластичниот и друг тврд отпад во водите на езерото се реален проблем со кој нашите вработени се соочуваат со години наназад, особено што големи количини се собираат кај преградниот ѕид на браната и ја загрозуваат безбедноста, но и функционирањето на хидроелектраната. Заедно со граѓанските активисти, со четирите локалните самоуправи од пијанечко-малешевскиот крај, како и со стопанските субјекти и други институции ќе работиме на проект што треба да даде ефикасно решение против загадувањето, истакна Благојчо Богатинов, раководител на Водостопанската подружница „Брегалница“.

Претставници на локалните стопански субјекти дадоа поддршка на иницијативата и изразија подготвеност да обезбедат материјална, финансиска и друг вид помош, при што побараа да се изготви соодветен акциски план што ќе ги вклучи очекуваните трошоци, начинот на справување со собраниот отпад и роковите за реализација на активностите.

На состанокот на Координативниот одбор беше најавено дека во план е наскоро да се организира помасовна акција за собирање на пластичниот отпад од браната Калиманци, што ќе претставува промоција на проектот што ќе се реализира на долг рок. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:КалиманциКоординативен одборчистење
Претходен напис Во Делчево почна пријавувањето за учество на манифестацијата ,,Пијанечки денови на сливата”
Следен напис АХВ: Ако пратката со пиперките биде вратена во земјава, ќе се издаде налог за нејзино уништување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?