Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Создаваме сериозни услови за младите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Создаваме сериозни услови за младите земјоделци
Агровести

Николовски: Создаваме сериозни услови за младите земјоделци

Објавено 20/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Две мерки преку Програмата за рурален развој се креирани само за младите земјоделци на возраст од 18 до 40 години: за почнување земјоделска дејност со грант од 10 000 евра и за потикнување на земјоделско стопанство со грант од 20 000 евра. Од 2017 година до денес поддршка во овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци од кои 567 добиле по 10 000 евра, а 262 по 20 000 евра. Од вкупно 2 368 договори за закуп на земјоделско земјиште, пак, склучени од 2019 година до денес, 754 се со млади земјоделци кои три години се ослободени од плаќање закупнина, додека од 2 369 договори за ИПАРД 2, дури 859 се потпишани од млади земјоделци чии инвестиции, кои се веќе реализирани, тежат околу 10 милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Овие бројки, изјави Николовски пред средбата со младите земјоделци од сите региони во државата, се потврда дека владините политики даваат резултат. 

-Од вкупно регистрираните 130 000 земјоделци во земјава, над 15 500 се млади. Сите овие бројки се потврда дека нашите политики даваат резултат. За да биде приказната целосна и да се види дека сме мислеле сеопфатно, зборува и тоа што не се фокусиравме само на поддршка преку неповратни грантови, туку во 2019 година се воведоа и измени во Законот за земјоделско земјиште кое овозможуваат давање под закуп за млади земјоделци без плаќање закупнина три години, потенцира Николовски. 

Тој најави дека на денешната средба со младите земјоделци во Министерството детално ќе биде презениран повикот за грант од 10 000 од Програмата за рурален развој кој  е во тек и кој ќе трае до средината на идниот месец, а ќе бидат презентирани, рече, и можностие што ги нуди ИАПРД 3 Програмата. 

-Заедно ќе направиме се што е во наша моќ да им помогнеме на сите млади да ги искористат средствата и од Националната програма и од ИПАРД 3, подвлече Николовски.

Според него, во овој момент на располагање на земјоделците генерално, им се над 50 милиони евра, што е, истакна, огромен потенцијал и шанса за разој.

-Сите што имаат визија и идеја за своето производство, да аплицираат и да ги искористат овие средства. Рокот за мерката од 10 000 евра грант и за првиот ИАПРД 3 повик истекува на 15 октовмри. Има доволно време да се информираат и да се советуваат, за да ги напарават добри деловните планови, рече министерот Николовски.

Може да ви се допадне

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
Таг:младите земјоделциНиколовскисериозниуслови
Претходен напис Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно
Следен напис Приведени две лица од кумановско, превезувале огревно дрво без документација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?