Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кулинарски спектакл „Food Vision“ на саемот „Wine Vision by Open Balkan“ на Србија, Северна Македонија и Албанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кулинарски спектакл „Food Vision“ на саемот „Wine Vision by Open Balkan“ на Србија, Северна Македонија и Албанија
Магазин

Кулинарски спектакл „Food Vision“ на саемот „Wine Vision by Open Balkan“ на Србија, Северна Македонија и Албанија

Објавено 20/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Белградскиот саем, од 16 до 19 ноември, во рамки на регионалниот саем на вино „Винска визија Отврен Балкан“, ќе се одржи кулинарски спектакл „Фуд Вижн“ под покровителство на Владата на Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа ќе биде можност посетителите, заедно со врвните вина, да се запознаат со традиционалните вкусови и гастрономски особености. За време на четирите саемски дена, Хала 5 ќе биде центар за собир на експерти за вино и гастрономија, врвни професионалци и најперспективни млади готвачи од земјите од регионот кои ќе се натпреваруваат во бројни категории под будното око на реномирани меѓународни судии и посетители, изјави помошник генералниот секретар на Владата на Србија Данијел Николиќ на презентацијата „Food Vision“ во Стопанската комора на Србија (ПКС).

Според него, главна задача е да се претстави регионот на Отворен Балкан како единствена туристичка, културна и географска дестинација со цел да се зголеми бројот на туристи и да се подобри слободниот проток на луѓе, услуги и капитал.

Покрај натпреварувањето, додаде тој, посетителите ќе можат да уживаат во бројни презентации и мастерклас сесии на најпрепознатливите и најпочитуваните шефови на кујни.

„Фуд Визижн“ ќе се реализира во две тематски целини, соопштија од ПКС.

– Станува збор за конкурентната програма на професионални готвачи и ревијална изложбена поставка на земјите учеснички во хала 5 и изложбата на комерцијални излагачи на програмата HoReCa со акцент на прехранбената индустрија и професионалната опрема и услуги во угостителскиот сектор, објасни Николиќ.

Според него, во соработка со професионалното здружение на млади готвачи – Клуб за млади готвачи, ќе се организира и гостување на ученици од средните угостителски училишта, потоа натпревари на професионални готвачи, како и натпревар во кулинарски вештини за претставници на медиумите и членови на дипломатскиот кор на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ беше организиран првпат во септември минатата година, со учество на повеќе од 20 земји, 350 винарии и 30.000 посетители од целиот свет.

Оваа единствена манифестација се одржа под покровителство на владите на Србија, Серверна Македонија и Албанија, а на посетителите на саемот им понуди целосно ново винско искуство и можност да го откријат возбудливиот свет на автентичните и автохтони вина од Западен Балкан.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Food VisionWine Vision by Open BalkanАлбанијаСеверна Македонијасрбија
Претходен напис Приведено лице од Радовишко, предизвикал пожари и ги признал делата
Следен напис Обзор зеркала Vavada Casino для современных игроков
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?