Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце
Магазин

Здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце

Објавено 14/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојат повеќе начини за одржување на здравјето на срцето, како што се физичката активност и управувањето со стресот. Според кардиологот Елизабет Клодас од Американскиот колеџ за кардиологија во Вашингтон, храната игра интегрална улога во многу фактори на опасност од срцеви заболувања, така што здравата исхрана е делотворен начин за одржување здраво срце и спречување на срцеви заболувања.

Во таа смисла, први на оваа листа се омега-3 масните киселини. Некои од најдобрите примери на храна со оваа состојка се ориз, црвена леќа, спанаќ, темносин грав, тиква, семе од чија, ореви, див лосос, сардина, риба харинга итн.

– Омега-3 масните киселини се антиинфламаторни, помагаат малку да се разреди крвта, со што се спречува згрутчување, во намалување на крвниот притисок и зголемување на добриот холестерол додека се намалуваат триглицеридите, објаснува д-р Клодас.

Натаму, важно е и справувањето со хроничното воспаление. Оваа појава е поврзана со бројни здравствени проблеми, а истражувањата покажуваат дека неговото намалување може да помогне во спречување срцеви заболувања и мозочен удар. Додавањето храна полна со антиоксиданси во исхраната е полезно оружје против хроничните воспаленија.

– Антиоксидансите се корисни против слободните радикали во нашето тело, помагаат во забавување на стареењето, го намалуваат воспалението и придонесуваат да се неутрализираат сите циркулирачки штетни материи. Некои примери на најдобрата храна богата со антиоксиданси се доматите, портокалите, дивите боровинки, темното чоколадо и зелениот чај, вели докторката.

Влакната во зрнестите намирници се клучен аспект на здравата, добро обмислена исхрана, но многумина не добиваат доволно од нив. Влакната помагаат за подолга ситост по оброкот и помагаат во одржувањето здрава тежина.

– Влакната го поддржуваат здравиот цревен микробиом и го одржуваат нивото на холестерол ниско со тоа што спречуваат тој да се апсорбира во дигестивниот тракт, додава Клодас.

Жените треба да се стремат кон 25 грама влакна дневно, а мажите – околу 38 грама, според Академијата за исхрана и диететика во САД. Во таа смисла се препорачуваат цели овошја и зеленчук, пред сѐ. Но, некои од најпрепорачливите намирници богати со растителни влакна, се и грашок, зеље, семки од калинка, ленено семе, суви смокви, конзервирана тиква, банани, артичока, овес, булгур и јачмен.

Натаму, растителните стероли како лиснатото зеленило се природни растителни компоненти коишто го спречуваат холестеролот да се впие во дигестивен систем, објаснува д-р Клодас. Според Клиниката на Кливленд, јадењето растителна храна со фитостероли е безбеден, полезен и делотворен начин на намалување на холестеролот и спречување здравствени проблеми како што се мозочен и срцев удар. Покрај тоа, тие може да помогнат во намалување на оопасноста од дијабетес, рак и дебелина.

Целите житарки, јаткастите плодови, зеленчукот, овошјето, млекото и сирењето збогатени со фитостероли се одлични извори на оваа благотворна состојка. Фитостероли може да се внесат и во облик на додатоци во исхраната.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Здраваздравоисхрананачинсрце
Претходен напис Николовски: Просечната откупна цена на млекото е 30- 32 денари,  трговците наметнуваат цени на грбот на граѓаните
Следен напис Јавна расправа во Охрид по нацрт-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?