Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен конкурсот за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен конкурсот за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“
Агровести

Објавен конкурсот за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Објавено 18/02/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.

Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.

Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е најголемиот студентски дом во државата.

Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиони евра: 2,3 милиони евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.

Покрај реновираните соби за сместување на студентите, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.

Премиерот Оливер Спасовски по посетата на блоковите во петокот изјави дека тие се реновирани по современи стандарди и со целосно новата опрема им овозможуваат идеални услови на студентите.

-Со ова завршува комплетното реновирање на „Гоце Делчев“ каде што ќе може да бидат сместени околу 1200 студенти или 30 проценти од капацитетот што го има Студентскиот центар. Тука не застануваме, треба да се заврши до крај проектот за партерно уредување на овој дом, рече Спасовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Што всушност претставува селскиот туризам?
Следен напис МЗШВ: Државното земјоделско земјиште се доделува транспарентно и законски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?