Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалени приносите од органското земјоделство поради влијанието на климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалени приносите од органското земјоделство поради влијанието на климатските промени
Агровести

Намалени приносите од органското земјоделство поради влијанието на климатските промени

Објавено 11/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Надлежните од Комората на органски производители денеска информираа дека приносите во градинарството и овоштарството се намалени поради влијанието на климатските промени.

Годинава се карактеризираше со обилни дождови на почетокот и со исклучително високи температури во вториот дел од летото, што резултираше со доцнење на активности на парцелите.

-Ние не употребуваме никакви хемиски средства за заштита, оваа година секојдневно беа дождови кои нè успоруваа не можевме редовно да ги извршуваме активностите на парцелите. Имаше и многу трева, плевел, некои производители воопшто не ги жнееја парцелите, тревата беше поголема отколку културите, изјави претседателот на Комората на органски производители, Драган Цветковиќ.

Интересот за органски производи има. Во регистарот, како што појаснува Цветковиќ, има евидентирано над 700 органско-сертифицирани производители. Најголем дел се во градинарството.

-Ако ги гледаме како потенцијал површини имаме, но проблемот лежи во расцепканоста. Токму поради овој факт не можеме сериозно да ги задоволиме потребите за странскиот пазар, иако стандардите и квалитетот на органските производи од државата ги задоволуваат сите пазари во светот, вели Цветковиќ.

Сепак, од комората додаваат дека граѓаните се свесни за предностите од консумација на органски производи, кои иако не многу поскапи претставуваат вложување во здравјето. Помладата популација се чини дека е посвесна за придобивките, за врската помеѓу исхраната и здравствената состојба на човекот, и тие се поподготвени се да купат здрави производи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:влијаниетоклиматските промениорганското земјоделствоприносите
Претходен напис Од ноќеска ново поскапување на бензините и дизелот, ова се новите цени
Следен напис Николовски од Виена: Македонското вино е најдобриот маркетинг за нашата земја
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?