Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здрава замена за кафе и чај пред појадокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Здрава замена за кафе и чај пред појадокот
Магазин

Здрава замена за кафе и чај пред појадокот

Објавено 11/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многу луѓе имаат навика да пијат кафе или чај веднаш штом ќе се разбудат, на празен стомак. Сепак, колку и да се мисли дека на телото му е потребна таа напивка, некои стручњаци велат оти тоа не е здраво да се пие на гладно.

Причината е тоа што пиењето чај или кафе веднаш по будењето може да води кон зголемено лачење стомачна киселина, нарушено варење и складирање на хранливите материи и флуктуации на нивото шеќер во крвта.

Следат неколку напитоци коишто се доволно делотворна замена.

Вода со куркума и црн пипер

По два – три прстофати овие зачини во топла вода може да бидат исклучително здрав и моќен утрински напиток. Тоа може да помогне за будност, побрз метаболизам, но и отстранување на вишокот маснотии.

Ким и анасон

Се земаат две чаши вода и по еден прстофат од овие состојки што се варат во неа. Откако ќе се преполови количината вода, таа се цеди и се пие полека. Ова е и напивка за слабеење што може да го подобри варењето и да ја намали надуеноста, особено при менструација.

Лимон

Се цеди половина овошка во топла вода. Ако е премногу кисело, можете да се додаде и малку мед во напитокот. Пиењето на празен стомак може да биде исклучително освежувачко и да ги исфрли токсините од телото. Полезно е и за кожата. За сѐ тоа да биде поделотворно, може да се додаде и прстофат цимет.

Обична или топла вода

За да се избегне усложнување на работите наутро, едноставно испијте чаша обична, млака или можеби малку потопла вода на празен стомак, велат стручњаците. Ова го хидрира телото и ќе го забрза метаболизмот. Може да помогне и во исфрлање на токсините од организмот.

Кога се пие утринското кафе или чај?

По некој од овие пијалаци, многу препорачливи се јаткасти плодови – бадеми, семки од тиква или семки воопшто. Ако телото има потреба од нешто слатко, дозволено е суво грозје, урми или свежо овошје. Потоа веќе може да се ужива во утринскиот чај, т.е. кафето.

Важно е да се напомене дека ќе треба малку време за одвикнување од вообичаените утрински ритуали наместо прв оброк и заменувањето со некоја од споменатите напивки. Меѓутоа, ако новите напитоци не му годат на телото, се препорачува и консултација со нутриционист заради персонализирано советување.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Здрава заменакафепојадокчај
Претходен напис Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна 
Следен напис Приведено лице од Чучер Сандево, пронајдени две товарни возила со огревно дрво без документација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?