Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума
Агровести

Помалите свињарски фарми во карбинскиот регион стравуваат од африканската чума

Објавено 09/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сопствениците на мали фарми стравуваат од африканската свинска чума. Потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци Гоце Сарафимов вели дека никому не му е јасно како болеста успеала да зафати една од најголемите фарми, па од таа причина стравуваат дека малите фарми се многу полесна мета. Преземени се и сите мерки за поголема заштита на фармите.

– Стравуваме, како не. Таа е најголема фарма за свинско месо и е една со најголемите био-сигурносни мерки, со најдобро обезбеден режим на движење, меѓутоа и таму се појави. Од што дојде и како дојде, никому не му е јасно. Моментално, во малите фарми што се околу фармата, уште нема никаде појавено од свинската чума, па ќе видиме натаму, вели Сарафимов.

Тој посочува дека болеста не е опасност за луѓето, туку само за животните, а нејзини преносители најчесто се дивите свињи. Од таа причина, смета Сарафимов, требало да се преземат мерки со цел да се спречи ризикот од болеста.

– И таа африканска свинска чума не е нешто страшно за луѓето, да не се плашат за исхраната, всушност, од тоа не се ни дава на исхрана, тие свињи се нештетно уништуваат. Меѓутоа, да не се крева паника, не е тоа нешто заразно за луѓето, таа се пренесува само од животни на животни, најмногу ја пренесуваат дивите свињи. Требаше уште поодамна да се преземе нешто за намалување на бројот на дивите свињи, уништувањето на дивите свињи и на тој начин да се намали ризикот од африканската свинска чума, додава Сарафимов.

Инаку, на 25 претходниот месец, болеста африканска свинска чума беше потврдена во поголема фарма во селото Таринци, а закопувањето на околу 9.000 свињи започна во средата. Од АХВ посочија дека евтаназијата се спроведува со претходно обезбедување на сите потребни услови за безбедна евтаназија на животните и соодветно нештетно отстранување на мршите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло  
Следен напис Пакет ајварски пипер за 50 денари килограм, еве ги цените и на другите производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?