Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места
Агровести

Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места

Објавено 06/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бројот на нови работни места што се креирани годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во државава достигна над 1 100. Од Дирекцијата за ТИЗР најавуваат еднакви можности за домашните и странските инвеститори со измените на Законот за индустриски зони, што се во финална фаза.
 
-Покрај постојаниот раст на извозот, на економијата внатре во самите зони, имаме раст на работните места. Последните податоци заклучно со август, покажуваат дека во текот на оваа година имаме повеќе од 1100 нови работни места што се креирани во рамки на зоните. Тоа значи дека трендот што го почнавме пред две до 2,5 години, стабилно продоложува да се движи напред, изјави за МИА Јован Деспотовски, директор на ДТИРЗ.

Деспотовски, кој со владина делегација беше во работна посета на Германија, по повод  договорот со германската компанија БМЗ за нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 2 и бизнис форум со германски стопанственици, укажа и на важоста на примената на програмите за развој на вештини.  

 – Во разговорите тука во Франкфурт се покажа исправен нашиот пристап дека треба да се посочува на интересот на институциите и на државата дека платите мора да растат понатаму и тоа не е проблем за германските компании и инвеститори. Како важножи беа посочени програмите за развој на вештини, рече Деспотовски.  

Покрај активностите поврзани со дуалното образование и програмите за поддршка  на компаниите, од пред неколку месеци Дирекицијата за ТИРЗ во соработка со  невладини организации работи на посебни програми за поддршка и поттикнување вештини кај различни категории помлада популација, средношколци, студенти,…

-Станува збор за поттикнување на развојот на критичкото  размислување и вештини. Во првите две програми имавме две групи  помлади сограѓани кои успешно учествуваа на две олимпијади во Јапонија, а компанијата  со која вчера потпишавме договор во Франкфурт е првата  која презема формална обврска да ги финансира тие програми во иднина.  Ќе упатиме повик до сите останати наши постојни но и нови инвеститори активно да се вклучат во овие програми и да помогнат во развојот на тој сегмент, изјави Деспотовски.  

Со пакетот реформи на зоните се опфатени и измените на Законот за индустриски зони што се веќе во финална фаза со кои, според него, се  креираат еднакви можности и за домашните и за странските компании.  

-Идејата е сите домашни компании што веќе функционираат во рамки на зоните што се „под капата“ на општините да добијат можност во рамки на новиот закон да уживаат во бенефициите на современа инфраструктура, но, исто така и на поефикасни јавни услови што ги обезбедува Дирекцијата. Сите индустриски зони, што функционираат во рамки на општините, сите т.н зони што немаат формално-правен статус, ќе можат да влезат во рамки на системот на ТИРЗ.  Тоа значи дека како институција на централната власт  целото наше знаење и капацитет ќе ги ставиме на располагање.  Ќе можеме директно да вложуваме во развој на пристап до енергија, на сите програми поврзани со развој на човечки ресурси… Државната поддршка ќе биде тука за нив, рече Деспотовски. 

За законските измени се финализират консултациите со клучните институции, а Деспотовски очекува Министерството да го презентира пред Владата во наредните неколку недели.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:деспотовскикреираниработни места
Претходен напис Сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Грција втор ден зафатена од невремето „Даниел“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?