Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стартува новата ИПАРД 3 програма наменета за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стартува новата ИПАРД 3 програма наменета за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра
Агровести

Стартува новата ИПАРД 3 програма наменета за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра

Објавено 03/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска го означија почетокот на новиот ИПАРД 3 проект за модернизација на земјоделството во вредност од 97 милиони евра.

Премиерот Ковачевски во своето обраќање посочи дека целта на оваа програма е многу поголема реализација и целосна искористеност на средствата кои ЕУ ги одвојува за државава.

-Наша цел е со новата ИПАРД 3 програма уште поголема реализација и искористеност на средствата од 100 проценти од она што го имаме добиено од ЕУ и затоа предвидуваме и можности за авансна исплата со цел уште повеќе да ги мотивираме нашите земјоделци. Но, крајната цел е нашите земјоделци, нашата економија да доживее напредок, да доживее развој преку остварувањето на полноправното членство во Европската Унија, бидејќи влезот во ЕУ ќе донесе уште поголеми придобивки и носи уште повеќе финансиски средства од фондовите на ЕУ, рече Ковачевски. 

Тој додаде дека само преку ИПА програмата, досега, во земјава, за модернизација на инфраструктурата и развој биле вложени околу една милијарда евра, а исто така, минатата година ЕУ обезбедила и 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, 80 милиони евра за справување со енергетската криза и 160 милиони евра за справување со економската криза.

-Оваа поддршка уште повеќе се зголемува кога една земја станува членка на ЕУ и само за споредба, помошта која што ја добиваат од ЕУ фондовите земјите членки на Унијата од регионот е 11 пати поголема по глава на жител од она што го добиваат земјите кандидати за ЕУ., потенцира премиерот Ковачевски.

Затоа, со овозможувањето на пристапот до единствениот пазар на ЕУ од 500 милиони луѓе, ќе создадеме мотив не само за нашите земјоделци, за нашите бизниси, туку и за нашите млади тука во Северна Македонија да ја градат својата иднина, посочи Ковачевски.

Оцени дека преку претходната ИПАРД 2 програма биле склучени 2 369 договори со земјоделци и со граѓани кои што имаат други услужни дејности поврзани со земјоделството во нашата држава.

-На овој начин Северна Македонија доби зголемени финансиски средства со ИПАРД 3 програмата и е прва земја од регионот која што ќе започне со нејзиното користење. Преку ИПАРД 2 програмата на располагање имавме 60 милиони евра, коишто поради најголемата искористеност, сега, во ИПАРД 3 програмата, се зголемени на нови, неповратни 97 милиони евра за модернизација на македонското земјоделство, изјави премиерот.

Министерот Николовски информира дека Северна Македонија е прва земја во регионот која започнува со реализација на ваква програма. Нагласи дека со ИПАРД 3 програмата се добиваат средства за македонскиот агросектор, кои значат влог во модерно и конкурентно земјоделско производство по европски стандарди.-Со правилни политики, Северна Македонија, денес е лидер во регионот по најголема искористеност од 98 проценти на средствата од ИПАРД 2 програмата. Со овозможувањето на пристапот до единствениот пазар на ЕУ од 500 милиони луѓе, ќе создадеме силен мотив не само за нашите земјоделци, за македонскиот агросектор, туку и за нашите млади тука, овде, обезбедувајќи им ја ЕУ дома, истакна министерот.

Повикот за аплицирање за програмата се однесува на приоритетните сектори за инвестиции од млеко и млечни производи, месо и месни производи, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи масла и маснотии од животни, шира, вино и оцет. Понатаму производство на енергија преку погони за преработка и производи од животни од примарна и секундарна биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември, оваа година. Инвестициите кои ќе бидат одобрени мора да бидат завршени до 31 мај. Барањето за исплата апликантите треба да го достават до 30 јуни. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:97 милиони евраземјоделствотоипард 3модернизација
Претходен напис Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто
Следен напис Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?