Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК
Агровести

Забраната на увоз на украински земјоделски производи ја подели ЕК

Објавено 02/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Евентуалното продолжување на временото ограничување на увозот на украински земјоделски производи, што истекува на 15 септември, предизвикува поделби во Европската комисија, која е ставена во позиција да бира меѓу изразувањето солидарност со Украина и барањата на членките на ЕУ од Источна Европа, наведува „Еурактив“.

Европската комисија во април воведе привремена забрана за увоз на пченица, пченка, семе од репка и сончоглед од Украина, на барање на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка, кои тврдеа дека слободниот увоз на украински земјоделски производи им нанесува штети на нивните земјоделци. По ова, забраната беше продолжена во јуни, но сега одново претставува „јаболко на раздорот“ во Еврокомисијата во пресрет на нејзиното истекување.

Во вакви услови полскиот еврокомесар за земјоделство Јануш Војчеховски изјави дека ако забраната не биде продолжена, ЕК одново ќе се соочи со истите проблеми со „земјите членки на првата линија“.

Во обраќање пред членовите на Комитетот за земјоделство на Европскиот парламент во четвртокот, Војчеховски потенцира дека продолжувањето на забраната е „најдоброто компромисно решение“ и единствен начин да се избегне „огромна криза“ во овие земји.

– Сакаме да избегнеме нова криза. Ова е предупредување – постои начин да се избегне повторување на овој проблем, изјави Војчеховски.

Тој изјави дека ова претставува негово лично мислење, а не официјален став на Европската комисија, но дададе оти се надева дека ваквиот предлог наскоро ќе биде прифатен.

На ваквата изјава на Војчеховски, реагираше Европската комисија кој соопшти дека во моментов „нема таков предлог на маса“.

За сега нема потврдени случаи од заболени од кинескиот коронавирус во земјите на Европската Унија, но Комисијата од блиску го следи развојот на настаните, изјавија денес прес службите на ЕК.

– Во оваа фаза, не сме во позиција да коментираме мерките што не се преземени, информира ЕК, додавајќи дека се анализираат сите опции и се врши координација со засегантите земји за да се најдат „прагматични решенија“.

Според извршното тело на ЕУ, изјавата на Војчеховски претставувала „поширока размена на мислења“ со европратениците, а не нешто што се заснова на некаков официјален предлог од Комисијата.

Запрашан за коментар по ваквата реакција на Комисијата, Војчеховски потврди дека еврокомесарите „се уште не е разговарле“ за ова прашање. – Тоа се уште не беше дискутирано на пленарен состанок на Комисијата, но има многу форми на дискусија во Комисијата, има дискусија и меѓу кабинетите, изјави Војчеховски, повторувајќи дека она што го изнел пред европретаниците е само негово мислење.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бугаријаизвозпослапченицаУкраина
Претходен напис Сончево, со температура до 35 степени
Следен напис Од утре вечер дожд и пад на температурата до осум степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?