Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во недела 03.09.2023 година со почеток од 11 часот во дворот на Клубот на претеници во Скопје ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма.
На настанот детално ќе бидат презентирани новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата.
По завршувањето на настанот изјава за медиумите ќе дадат премиерот Ковачевски и министерот Николовски.
