Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 
Агровести

Жителите на карбинските села Таринци и Нов Караорман се против копање на јама за уништување на 9.000 свињи 

Објавено 01/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најголемата приватна фарма во карбинскиот регион треба да се уништат 9.000 свињи, откако пред осум дена е забележано кај девет свињи болеста Африканска чума, потврди и Агенцијата за храна и ветеринарство. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман  и градоначалникот на Општина Карбинци синоќа не дозволија да се копа јама за животните кои треба да се уништат. Сметаат дека ќе им се загадат подземните води, но и ќе влијае и врз нивното здравје. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов вели дека постапката за уништувањето на деветте илјади свињи е стопирана, бидејќи приватната фирма, но и надлежните институции немале одобренија и анализа дали локацијата одговара за толкава голема гробница. Тој смета дека од институциите  проупустот е направен во минатото.

– Пропустот е направен во минатотот. Од институциите издадена е А интегрирана дозвола, без  да се предвиди локација за ваквов случај е пропуст за кој некој треба да сноси одговорност во следниот период, вели Паунов. 

Од Агенцијата за храна и ветеринарство во писменото соопштение велат дека оваа постапка мора да се изврши, а општината  има законска обврска да обезбеди локација за јама, најблиску можна до жариштето. За оние кои ќе го спречат уништувањето согласно Кривичниот законик предвидена е парична казна, но и затворска.

-Како одговорна институција за здравствената заштита на животните,  апелираме брзо да се реагира од страна на локалната самоуправа бидејќи станува збор за болест која брзо се шири и која нанесува големи финансиски загуби. Неминовно е одговорно однесување и од страна на сточарите и од локалните самоуправи, се вели во писменото соопштение на АХВ. 

Карбинскиот градоначалник, Паунов со одговор дека до општината не е пристигнато никакво писмено барање. Најави дека ќе го свика Советот на Општина Карбинци и ќе се анкетира месното население за локацијата. Тој вели дека во Карбинци има  две локации за закопување на мртви животни, но тие не се соодветни за оваа  болеста и за 9.000 свињи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЖителитејамаНов КараормансвињиТаринци
Претходен напис Демант од АХВ на изјавите на Цветан Трипуновски
Следен напис Поради реконструкција на филтер станицата до крајот на септември прекин на третманот на водата во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?