Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Делчево почнаа активностите од проектот „Мотивационо градинарство во склад со природата“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Делчево почнаа активностите од проектот „Мотивационо градинарство во склад со природата“
Агровести

Во Делчево почнаа активностите од проектот „Мотивационо градинарство во склад со природата“

Објавено 31/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево започна со имплементација на проектот „Мотивационо градинарство во склад со природата“. Проектот со остварување на предвидените активности и постигнатите резултати има за цел да мотивира производство на сопствена био храна на зелените имоти и балконите.

Активностите, како што информираше координаторот на проектот Фиданчо Христов се во насока да се придонесе во подобрувањето на здравјето и работната способност на производителите и консументите на био храна. 

– Мотивациско градинарство во склад со природата е иновативен пристап во производството на био храна во кој сопствениците на зелени имоти ги користат природните ресурси за исхрана, прехрана и биолошка заштита на растенијата. Мотивационото градинарство е континуирано производство на био храна со повеке турнуси во текот на годината, а тоа придонесува сопствениците на зелените имоти дапроизведат доволно био храна за своите потреби, додека вишокот да го продаваат на локалниот пазар, истакна Христов.

Сите активности на проектот, како што додаде, ќе бидат снимени и ставени на веб -страницата на здружението, а предвидено е и изработка на прирачник со рецепти за биолошка заштита и прехрана на растенијата. Христов потенцира дека една био бавча од 100 м2 со перма култура може да даде храна за 500 м2 кога се работи на традиционален начин, а во таа насока како главни активности преку кои ќе се остварат овие цели се реализирање на две иновативни технологии за производство на био храна на зелените имоти и балкон градинарството.

-Исто така предвидено е изработка на 10 проекти за производство на био храна, производство на био храна на 10 зелени имоти и одржување на 7 онлајн едукации за производство на био храна со биолошки методи. Ќе бидат изработени и поставени 10 контејнери за собирање на растителен отпад, кој ќе се употребува за производство на био храна, а ќе бидат испечатени и флаери за мотивација како да се отпочне со сопствено производство на био храна, рече Христов, потенцирајки дека производството на сопствена био храна е еден вид индивидуален отпор на хемиската идустрија за намалување на употребата на хемиските средства во земјоделството.

По завршување на проектот на една од фармите ќе продолжат да се одржуваат обуки заедно со менторот на други заинтересирани сопственици на зелени имоти, се со цел да се зголеми бројот на лица кои ќе ги применуваат биолошките методи во производството на био храна. 

Проектот е со времетраење до 22.02.2024 година и е финансиски поддржан од Европската Унија/Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Започнува доделувањето на картичките за ЗЕЛЕНА НАФТА
Следен напис Ковачевски: Субвенции за вештачко ѓубриво ќе има и оваа година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?