Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија
Агровести

Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија

Објавено 29/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба.

Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и велат дека имаат проблеми поради чадот и смрдеата.

– Непријатната миризба и чадот не се како дента на пожарот, но сè уште се чувствува и е тешкотија за дишење, велат мештаните.

Дека продолжува да чади од изгорениот смет сведочат и фотографиите и видеоснимки направени од воздух со употреба на дрон од страна на меѓународната телевизиска мрежа Ал Џезира.

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово информираат дека сите овие изминати денови по потреба интервенирале кај запалениот смет.

– Таму продолжува закопувањето на сметот во земја, а по потреба одиме и ние да интервенираме. Сме праќале по еден камион-цистерна за да направи некоја интервенција, информира Авни Амети од ТППЕ Тетово.

Пожарот избувна на ноќта меѓу 21 и 22 август. Државниот инспекторат за животна средина на крајот на минатата недела донесе решение со кое се изрекува парична казна за фирмата ДТУ „Еко Ливинг“ ДООЕЛ Чегране за пожарот што се случи на таа локација.

Фирмата доби платни налози за правното (9000 евра) и физичкото лице (500 евра), а со решение е задолжена комуналниот отпад од локацијата што се запали во рок од 90 дена да го однесе на депонијата Русино и забрана да носи комунален отпад на истата локација. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Волковијадепонијатапожар
Претходен напис Појава на сина супермесечина в среда, следната е во мај 2026 година
Следен напис Од утре пониски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?