Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите за поскапување на лебот, идната недела седница на Потсекторската група
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите за поскапување на лебот, идната недела седница на Потсекторската група
Агровести

Николовски: Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите за поскапување на лебот, идната недела седница на Потсекторската група

Објавено 25/08/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мелничарите потврдија дека се шпекулации информациите во јавноста за наводното поскапување на лебот и дека нема основа за такво нешто кога е драстично намалена цената на суровината и кога се стабилизирани цените на електричната енергија. Излегоа со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство. Ние ќе ја свикаме Потсекторската група уште еднаш следната недела за да знаеме во континуитет што се случува и каде треба да влијаеме како држава со цел граѓаните да не стравуваат дека лебот ќе поскапи.

Ова го истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на винаријата Камник.

-Мелничарите сами потврдија дека нема причини за поскапување на лебот, но ние будно следиме се што се случува и ќе бидеме во постојан контакт со мелничката индустрија преку Потсекторската група каде се и тие членови. Ќе ја свикаме Потсекторската група уште еднаш следната недела за да знаеме во континуитет што се случува и каде треба да влијаеме како држава со цел граѓаните да не стравуваат дека лебот ќе поскапи. Ќе сториме се што е во рамки на нашите можности преку програмите, но тука не станува збор за реална потреба базирана на бројки, зголемени трошоци и оправданост дека треба да се зголеми цената на лебот. Добро е што Комората излезе со ист став како Министерството за финансии и Министерството за земјоделство, потенцира Николовски. 

Транспарентно кажавме, дополни министерот, дека оваа година беа преполовени цените на пченицата на светските берзи.

-Затоа беше потребно државата да интервенира во делот на надоместот на производните трошоци што ги имаат земјоделците. Мора да правиме се за да ги задржиме земјоделците и за да не се намалува производството, нешто во што успеваме. Оттука и најголемиот дел од Интервентниот фонд годинава го насочивме кон дополнителната поддршка од три денари за откупен килограм пченица, подвлече Николовски.

По најавите за наводни поскапувања на лебот кои беа пренесени од повеќе медиуми, претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора Горан Малишиќ за МИА рече дека се тоа шпекулации и дека промена на цената на лебот нема да има. 

-Моменталната ситуација на цените на светските и регионалните берзи на пченицата, би рекол и покрај сите турбуленции околу војната во Украина, некако се стабилизираа на ниво од 230 до 245 евра тон за меркантилна пченица на најрелевантната Матиф Француска берза и на Чикашката берза од околу 205 до 215 евра по тон. Регионалните цени во моментов се движат во тој опсег помеѓу цените од двете берзи и сите индекси од берзите за цените во Декември 23, Март 24 или Мај 24 па и по жетвата во 2024 се движат во истиот опсег. Сите овие податоци ни даваат за право да веруваме дека по тој основ цената на брашното како и индиректно на лебот, посебно индустрискиот, ќе го задржат истото ниво на цени во идниот би рекол подолг период. Покрај овие берзански индиции, нашата Групација, во консулатции со своите членки, односно во консултации со најголемите индустриски производители на леб, утврди дека темата за зголемување на цената на лебот се само шпекулации во јавноста поттикнати од страна на зголемувањето на цените на другите основни производи, истакна Малишиќ. 

Министерот за финансии Фатмир Бесими претходно апелира – во време на криза да не се шпекулира со поскапувања. Тој напомена дека цената на белиот леб е се уште 33 денари и тука, подвлече, нема поместувања. Владата, истакна Бесими, е подготвена да разговара со мелничката индустрија и да реагира соодветно за да ги заштити граѓаните.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозлебмелничаритемзшвпченицаувозцена
Претходен напис Николовски: Им благодарам на сите лозари и винарии, заедно со нашата поддршка испишавме историја во винскиот сектор!
Следен напис Република Северна Македонија е на 13 место во светот по девизен прилив од вино според податоците на World Top Export
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?