Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богоев: Олеснување на трговијата преку модернизација и проширување на преминот Деве Баир
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богоев: Олеснување на трговијата преку модернизација и проширување на преминот Деве Баир
Агровести

Богоев: Олеснување на трговијата преку модернизација и проширување на преминот Деве Баир

Објавено 18/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, беше една од темите на кои се разговараше при денешната посета на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и заменик директорот, Муарем Асани, на граничниот премин Деве Баир, известуваат од Царинската управа.

– Модернизацијата на преминот се реализира во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, при што во првата фаза од проектот предвидена е изградба на објект на терминалот за стоково царинење и реконструкција на управната зграда. Во втората фаза планирано е проширување на преминот со две дополнителни сообраќајни ленти на влез и на излез од државата, а планирана е и реконструкција на пристапниот пат до терминалот за тешки возила заради негово непречено користење и во зимски услови, изјави Богоев.

Додаде дека во рамки на проектот се планира и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова вага за товарен сообраќај.

Овие активности, како што нагласи Богоев, дополнително ќе ја олеснат трговијата и ќе го забрзаат транспортот, што ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис.

Од ЦУ велат дека денеска на преминот спроведена е кампањата „Стоп за корупцијата“ во рамки на која директорот Стефан Богоев и заменикот Муарем Асани заедно со царинските службеници ги информирале граѓаните за штетните последици на корупцијата, како и начинот на којшто можат да ја пријават истата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богоевдеве баируправаЦарина
Претходен напис Инвестирајте во НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА и модернизација на земјоделското стопанство со грант од 60% од инвестицијата
Следен напис Уште ЕДЕН МЕСЕЦ отворен повик за набавка на нова технологија, машини, ладилници и друга опрема – На располагање нови 8,8 милиони евра преку ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?