Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Семејство создаде свое селце со мали куќарки во кое децата имаат посебен дом и приватност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Семејство создаде свое селце со мали куќарки во кое децата имаат посебен дом и приватност
Магазин

Семејство создаде свое селце со мали куќарки во кое децата имаат посебен дом и приватност

Објавено 17/02/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејство создаде свое селце со мали куќарки во Кентаки, а уникатната идеја привлекува внимание на интернет.

Кели и Рајан Бринкс пред пет години купија големо земјиште и на него изградија 6 мали куќарки и мала штала за животни. Најголемиот објект е домот на брачниот пар кој зафаќа површина од 26 метри квадратни, а останатите две живеалишта се на нивните две деца – 18-годишната Ленокс и 16-годишниот Броуди – и зафаќаат површина од по 14 метри квадратни

На имотот се наоѓа и објект со две бањи, куќарка со базен и гостинска куќа. Пред секоја од куќарките има патека која води до место каде што има огниште и клупи и кое служи за семејни собири.

На овој начин двете деца имаат приватност, сами се грижат за својот дом и се посамостојни, а истовремено се во близина на родителите. Тие сами си го избирале дизајнот и типот на куќарките.

„На почетокот, мојот сопруг сакаше сите да бидеме во едно живеалиште, но јас спорев со него во полза на децата за тие да имаат своја приватност“ – изјавила Кели.

Целта на семејството била да живее поекономично, поскромно и посамостојно.

„Исто е како да имаш своја соба. Но, наместо да имаме ходници, ние сме надвор. Ми се допаѓа независноста. Вака не ги вознемирувам родителите со бучавата“ – рекла Ленокс.

„Кога живеевме во куќа, децата поминуваа многу време во своите соби. Ќе слезеа долу за да каснат нешто или кога имавме оброк. Исто е и во селото. Како тинејџери, тие поминуваа многу време во своите куќарки, а во нашата доаѓаа само за јадење. Ако ни требаа за нешто, само ќе им тропневме на влезната врата наместо како порано на врата од спалната соба“ – рекла мајката Кели.

Семејството го рециклира отпадот, а остатоците од храната им ги дава на кокошките. Во нивното домаќинство има многу малку отпад. Сите употребуваат платнени торби за пазарување и многу ретко користат машина за сушење алишта.

„Ги учиме децата колку е скапоцена Земјата и да придонесат во нејзино зачувување и ги охрабруваме другите да го прават истото. Семејната блискост, свежиот воздух, тренинзите надвор, одгледувањето храна и добрата грижа за животните за тие добро да се грижат за нас – сакаме ова да им го пренесеме нив и на следните генерации“ – додава Кели.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Кели и Рајан БринксСемејство од Кентакисемејство создаде свое селце
Претходен напис Македонското органско земјоделство далеку под просекот на ЕУ
Следен напис Сончево и топло време до среда, во четрврток повторно промена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?