Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кoмбинација на најдобрите практики од Северна Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Кoмбинација на најдобрите практики од Северна Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство
Магазин

Кoмбинација на најдобрите практики од Северна Македонија и Холандија за подобро млекопроизводство

Објавено 11/08/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тројца фармери – студенти од Холандија беа во тринеделна работна и едукативна посета на македонски фарми. Се вклучија во процесот на работа и во секојдневните активности: подготовка на храна, молзење, помош и работа во поле, наводнување на пченките за производство на силажа, жетва и складирање на житните култури. Со своите домаќини разменија искуства и знаења.

По посетата, оценката на младите холандски фармери е дека гледаат многу можности во земјава и огромен потенцијал за развој на македонските фарми, како и дека примарното млекопроизводство може да направи голем напредок во наредните години.

Престојот на фармерите – студенти од Холандија го овозможија „Битолска млекара“ и Холандската стопанска комора.

-Знаејќи го значењето и потребата од развој и унапредување на примарното млекопроизводство за квалитетот на млекото и воопшто за зацврстување на домашната млечна индустрија, вложуваме и во овој заеднички проект со Холандската стопанска комора. Со постојаното инвестирање во домашните фарми, сега стигнавме до степен не само да учиме, туку и да разменуваме искуства и нашите фармери да пренесуваат знаења, што е резултат на долгогодишната стратегија на „Битолска млекара“ за модернизирање на македонските семејни фарми. Ваквиот пристап може да доведе до системски промени што ќе значат унапредување и зајакнување на домашното млеко производство. Младите фармери од Холандија се пионерите на почеток на еден концепт на размена на студенти и фармери кој во иднина треба да добие едукативен карактер за развој на нашето земјоделство, сточарство и фармско производство. Затоа значењето на овој проект е големо, отвора многу можности за фармерството и млекопроизводството во Македонија и може да направи голем напредок во наредните години, изјави Виктор Стојмановски, менаџер на сурово млеко во „Бимилк“.

Според „Битолска млекара“, секој од фармерите поседува своја семејна фарма со околу 200 молзни грла и со околу 40-тина хектари обработлива површина за производство на храна за фармата. Младите фармери имаат стручно образование за фармерство – развој и унапредување на фармите и секој од нив е запознаен со основните функции на фармата, управување со земјоделска механизација, подготовка на оброци за кравите според молзна група, молзење, припрема и исхрана на телињата. Покрај основните обврски секој од нив на својата фарма врши и нарачка на расплоден материјал и вештачко осеменување на кравите, обработка на папците на кравите, апликација на лесни медикаменти под директива на матичниот ветеринар.

-Студентите фармери со голем ентузијазам се впуштија во секојдневните активности на фармите, следејќи го секој чекор и вклучувајќи се во секоја етапа и процес на работа. Гледаат огромен потенцијал за развој на македонските фарми. Од искуството стекнато од престојот тука велат дека за развојот на сопствените фарми би примениле пристап што го научија овде, би вложиле во механизација за да можат сами да ги прават сите потребни работи, за што поефикасно добивање на што поквалитетен и врвен производ со одлични придобивки. Гледаат многу можности во Македонија и според нивното мислење примарното млекопроизводство може да направи голем напредок во наредните години, истакна Боб Смит од Холандската стопанска комора.

Посетата на холандските студенти е дел од проектот на „Битолска млекара“ и Холандската стопанска комора за поттикнување на развојот и унапредувањето на фармското одгледување на расни говеда за производство на млеко. За подобро да се информираат околу состојбата во македонското сточарство, тие посетија повеќе поголеми и помали фарми во регионот на Битола и Прилеп.

-Холандските фармери учат и остваруваат практична работа на македонските фарми, но истовремено и ги пренесуваат своите знаења за имплементирање во домашното фармерство. Ова е втор проект, по проектот во 2019 година, кој вклучуваше посета на студенти по ветерина од Холандија, но поради КОВИД кризата се реализира дури годинава, велат од „Битолска млекара“ и најавуваат дека проектот за размена на знаење и искуства меѓу домашните и холандските фармери ќе продолжи, со посета на следната група млади сопственици на семејни фарми. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Таг:Кoмбинацијамлекопроизводствопрактикисеверна македонијаХоландија
Претходен напис Научниците предупредуваат: Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години
Следен напис УХМР: Од утре постепен пораст на температурата, во четврток ќе достигне до 37 стпени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?