Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со поддршка од ИПАРД 3 имате можност да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – еве ги основните услови за правно и за физичко лице
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Со поддршка од ИПАРД 3 имате можност да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – еве ги основните услови за правно и за физичко лице
Фондови

Со поддршка од ИПАРД 3 имате можност да инвестирате во РУРАЛЕН ТУРИЗАМ – еве ги основните услови за правно и за физичко лице

Објавено 08/08/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најавата на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, првите повици од ИПАРД 3 програмата се очекува да бидат објавени кон крајот на овој месец. Се очекува најпрво да бидат објавени Мерка 1- Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства и Мерка 7- Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Доколку планирате да инвестирате во рурален туризам, Мерка 7 од ИПАРД 3 програмата е токму за вас, бидејќи преку неа имате можност да добиете поврат на средстства во висина од 60% од инвестицијата.

За да можете да аплицирате за користење на средствата од оваа мерка, треба да исполнувате неколку основни услови и тоа:

Подобни апликанти за Мерка 7-Диверзификација на фармите и развој на бизниси, можат да бидат:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регистрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани во Централен регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

Доколку аплицирате како правно лице, треба да знете дека инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услуги се ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги

Исто така важно е да се напомене дека доколку аплицирате со фирма која е новоформирана, односно нема поднесено ниту една завршна сметка, можете да аплицирате за максимален поврат на средства од 100 000 евра.

Доколку пак аплицирате со фирма која има поднесено најмалку една завршна сметка тогаш максималниот поврат на средства може да биде 600 000 евра.

Фирмите апликанти кои работат подолго од една година треба да покажат дека во изминатиот период работеле со добивка.

Ако аплицирате како физичко лице, во тој случај се намалуваат капацитетите за инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услуги и се ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги.

За земјиштето и/или објектите кои се предмет на инвестицијата барателот треба да докаже:

  • Сопственост или
  • Договор за закуп (најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето);

Новина во оваа програма ќе биде предфинансирањето, односно променет е и начинот на исплата на одобрените средства за одобрените проекти. Се предвидува авансна исплата на средства и тоа од 30 – 50 % од сумата со самото склучување на договорот за проектот.  

За да можете да поднесете квалитетна и комплетна документација, на располагање ви стојат консултантите од #КанцеларијаАгротим.

За сите информации околу приоритетните сектори, прифатливите инвестиции, како и околу изготвувањето на апликациите можете да ни пишете на [email protected] или да нè контактирате на телефонските броеви:  070/267 789, 071/285 385, 071/225 345.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:ипардконсултантимерка 7мзшвнајновоосновни условисекторисубвенции
Претходен напис Маричиќ: Користењето на ИПА фондовите клучно за забрзување на реформите и регионалниот развој
Следен напис МЗШВ: Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?