Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Дебарско мечки уништиле околу 200 пчелни сандаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Дебарско мечки уништиле околу 200 пчелни сандаци
Агровести

Во Дебарско мечки уништиле околу 200 пчелни сандаци

Објавено 06/08/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стотината пчелари од дебарскиот регион, поради климатските промени годинава се соочија со минимален приход од пчелните семејства а дел од нив дополнителна штета претрпеле и од  мечките.

-Веќе неколку месеци во општина Дебар но и во поширокиот регион, мечки имаат уништено околу 200 пчелни сандаци. По пријавата од страна на пчеларите посебна комисија врши увид, по што пчеларите преземаат соодветни законски активности, бидејќи мечката е заштитена со закон, вели Арбен Муладаури, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Според него за среќа до сега нема регистриран случај на напад од мечка врз човек.

Пчеларите тврдат дека мечките пчеларниците ги „посетуваат“  главно во ноќните часови а по пат причинуваат штети и врз земјоделските посеви, посебно во пограничните села Спас, Бомово, Коњаре, каде нема постојани жители, но оние кои живеат во Дебар ги обработуваат земјоделските површини а имаат и пчеларници.

На присуство на мечки се жалат и жители од други села во регионот а не ретко жители од поширокиот регион постираат на Фејсбук видео снимки и фотографии од мечка на патниот правец Дебар-Маврово, делница Дебар-Жировница.

Може да ви се допадне

ФАО: Здравата храна е поскапа во Европа поради субвенциите на ЕУ за земјоделството
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
Паметен расадник во Струга – Хоџа: Иновациите и знаењето се темел на современото земјоделство
Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Претходен напис Четири нови инвестиции во обем над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, открива Ковачевски
Следен напис Фотографии што ќе ви го скршат срцето, сите сме дел од овој свет: Изгубени животни во поплавите во Словенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?