Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Четири нови инвестиции во обем над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, открива Ковачевски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Четири нови инвестиции во обем над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, открива Ковачевски
Пазари

Четири нови инвестиции во обем над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, открива Ковачевски

Објавено 06/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Четири нови инвестиции со вкупен обем од над 150 милиони евра се во завршна фаза на преговори, посочува премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА.

– Она што е важно е да се креираат нови работни места во приватниот сектор, кој треба да е мотор на економскиот раст во државата. Токму затоа ние создаваме услови компаниите да се развиваат и да исплаќаат повисоки плати, од просечната. Во таа насока, сакам да напоменам дека новите инвестиции и новите вработувања се нов стимул на економијата, вели Ковачевски.

Потсетува дека во технолошко-индустриските развојни зони постигнати се договори за инвестиции од над 280 милиони евра, меѓу кои и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата од 205 милиони евра со азискиот електро-гигантот „Јагео“. Овие инвестиции во следните десет години, како што посочува Ковачевски, треба да донесат над 4600 работни места и над 90 милиони евра во Буџетот само по основ на придонеси. 

-Без нови инвестиции, нема раст на економијата. За нас, се еднакво важни, како домашните, така и странските инвестиции. По рекордните бројки на највисоката финансиска поддршка за најголем број компании во изминативе пет години која ја обезбедивме минатата година и годинава продолжуваме со маркирање на рекорден интерес за сетот мерки кои ги обезбедуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, вели Ковачевски.

Посочува дека годинава се пристигнати рекорден број апликации, вкупно 427 апликации за поддршка преку овој Закон, а склучени се 294 нови договори со планирани инвестиции од 365,9 милиони евра, што, како што оценува, е тројно повеќе од планираните во 2022 година.

– Најголем број од компаниите се од областа на дрвната индустрија, мебел, печатници и производи од хартија, потоа метало-машинската индустрија, производи од лим, алуминиум, стакло, како и прехранбено-преработувачката индустрија, но има и од текстилната, кожарско-преработувачката индустрија, потоа информатичко-комуникациската индустрија, фармацевтската и хемиската индустрија. Рекордниот број апликации се резултат на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата, нагласува премиерот во интервјуто за МИА. 

МИА

Може да ви се допадне

При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Како е регулиран ОТКУПОТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
Кои се добитниците, а кои губитниците во трговскиот договор меѓу Кина и САД?
Претходен напис Изминатите 24 часа најмногу врнежи во Радовишкo, Беровско, Штипско, Скопско и Светиниколско
Следен напис Во Дебарско мечки уништиле околу 200 пчелни сандаци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?