Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени
Агровести

По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени

Објавено 01/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците од регионот на Росоман и Градско кои претрпеа штети од хаваријата до повторното пуштање вода низ на цевководот „Макарија“, ќе бидат обесштетени преку Интервентниот фонд, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината.

Според него, се е направено за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи наводнувањето на другите култури, посебно на грозјето. 

-На крајот на мај се случи најголемата национална хаварија во водостопанската инфраструктура. Среќа што немаше жртви. Затоа, сите капацитети беа подигнати на највисоко можно ниво, Влада, претседател на држава, сите институции. Ова беше најсериозен проблем од независноста, па и претходно. Како Министерство веднаш излеговме во пресрет поради финансиската состојба на АД „Водостопанство“ и успеавме во најбрза постапка, за месец и половина, со пари обезбедени од МЗШВ и измена на владина програма, да најдеме соодветно стручно решение. За тоа им се заблагодарувам на Градежниот факултет, на сите вклучени и на изведувачот. Од вчера водата во Макарија е повторно пуштена и покрај непристапноста на пределот. Страшна беше глетката кога веднаш по хаваријата отидовме на терен, но веќе се е средено со мобилизација на сите структури и во делот на Росоман и во делот на Градско. Се е направено за да се спаси тековната сезона, но и за да продолжи наводнувањето кое следи за другите култури, посебно за грозјето. Не се чека следната сезона, туку успеавме за многу краток период овој најголем и најкомплексен проблем да го решиме, истакна Николовски, одговорајќи на новинарски прашања пред доделувањето грантови на малите дестилерии.

Николовски потсети дека во контекст на подршката на овоштарите, откупени се околу 100 000 праска преку Програмата за откуп на овошје и негов пласман до градинките низ земјава, а рекордно се исплатени и сите субвенции.

-Ова е прва година во која до законскиот рок, 30 јуни, се испочитувани исплатите на сите основни мерки и над 10 000 овоштари имаат добиено околу пет милиони евра субвенции. Но, ова е прва и историска година во која ќе следи и авансната, брза и навремена исплата на субвенции, што значи уште една финансиска инјекција за производителите на праска и овошје ќе дојдат во овој регион во октомври, ноември и декември. Производителите на праска, благодарение на владините политики, добиваат прв пат и „зелена нафта“ во највисок износ од околу 6 000 денари по хектар, истакна Николовски.

Санацијата на „Макарија“ е завршена пред планираниот рок, за само месец и половина, за што се обезбедија над 1,3 милиони евра и системот за наводнување стар 50 години, сега е целосно функционален. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ГрадскоМакаријаобесштетениРосоманхаварија
Претходен напис Во Струмичко почна отупот и извозот на црвената пиперка од пластеници
Следен напис Украина ќе извезува жито преку Дунав во Хрватска, а потоа со бродови од Јадранот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?