Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии
Агровести

За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии

Објавено 01/08/2023
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски и заменик министераката Вјолца Бериша, ги доделија договорите за финансиска поддршка за мали дестилерии од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци.

Малите дестилерии за прв пат во историјата добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на производството.

На јавниот повик за поддршка на мали дестилерии, кој беше објавен во мај, аплицираа вкупно 18 баратели на финансиска поддршка. Од нив, шест баратели не ги исполниле условите, а 12 добиваат договор за грант за финансиската поддршка за набавка на опрема и ангажман на технолог за алкохолни пијалоци. 

Право на учество на јавниот повик имаа земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ и Електронскиот регистар во Царинската управа, како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етилалкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, во согласност со Правилникот за начинот на даночење со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Вкупната сума за 12-те добитници на грант е 3.494.592,00 денари кои ќе се користат за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки пијалоци.

„Најголемата поволност од ваквиот договор, освен што средставта се неповратни, е тоа што корисниците ќе добијат аванасна исплата на средствата, веднаш по потпишување на договорот. А потоа во рок од 45 дена тие треба да ја набават опремата за производство на жестоки алкохолни пијалаци и/или да ангажираат стручно лице (технолог за производство на жестоки алкохолни пијалаци), согласно роковите утврдени во деловните планови и договорот. На овој начин, ние им помагаме да набават опрема без да се задолжуваат со кредити и да плаќаат камати. Напротив, со ваквата подрршка ние им помагаме да растат, да го зголемуваат производството, да станат конкурентни, а тие потоа придонесуваат да се полни буџетот на државата преку плаќање на даноците со што сме го запазиле тој партнерски однос и сме си помогнале едни на други“ изјави министерот Николовски.

Потврда за ова се и бројките кои бележат тренд на раст. Заклучно со 30.11.2022 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 27 дестилерии од кои 19 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека  8  се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии. Заклучно со 30.06.2023 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 32 дестилерии од кои 24 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека  8  се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии.

Имаме тренд на зголемување и тоа токму кај што треба во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци од  19 во 24.

„Искрено се надевам дека со нашата поддршка овие бројки постојано ќе растат и заедно ќе го повториме успехот на малите семејни винарии. Пред почетокот на нашата поддршка, во 2019  година имавме само 30 мали семејни винарии, а денес Северна Македонија има 247 винарски визби од кои 165 мали семејни винарии кои пишуваат нова историја во винскиот сектор и тоа токму со нашата поддршка и визијата која ја имавме за овој сектор. Очекувам ист ваков успех и со малите дестилерии, особено затоа што нашето поднебје има традиција во производство на вино и ракија и време е тоа да биде претставено пред светот“ посочи министерот Николовски. 

Најголем број на добитниците на договори за финансиска поддршка за мали дестилерии се од Кавадарци и Неготино, а останатите се од Скопје, Охрид, Ресен Струга, Велес и Куманово.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:300.000 денаригрантдестилериидоделени договори
Претходен напис Пад во прометот во номиналната стапка во трговијата на мало со автомобилски горива
Следен напис Николовски: Од Брисел се очекува финансиската спогодба за ИПАРД 3, веднаш потоа први во регионот ќе почнеме со реализиација 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?