Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван
Агровести

Овчеполските земјоделци трет ден на блокади, Водостопанство го решава проблемот со кражби во Долни Балван

Објавено 31/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Трет ден протестираат земјоделците од Овче Поле и денеска со трактори ја блокираа едната коловозна лента на патот Свети Николе – Велес. Бараат во системот за наводнување да имаат доволно вода за нивните земјоделски култури.

Земјоделецот, Тони Јакимовски има шест хектари под пченка, но какошто вели годинава ќе нема род од неа и во моментот да пристигне вода. Пченката е изгорена, а со тоа и неговата инвестиција од само 4.000 евра во семенски материјал.

-Нема спас на ова, директтно орање на целата нива, еве гледате нема спас и сега да ми ја пуштат водата за наводнување, вели Јакимовски.

Младиот земјоделец, Никола Стојанов од село Пеширово вели дека неговото семејство егзистира само од земјоделство, а годинава она што ќе го соберат од нивите нема да биде доволно за да ги покрие сите трошоци кон државата и Водостопанство.

Директорот на Водостопанство „Брегалница“, Благојчо Богатинов за МИА вели дека синоќа екипи на претпријатието биле на терен во атарот на карбинското село Долни Балван каде се решавал проблемот со кражби на вода од системот за наводнување. Тој се надева дека акцијата ќе има ефект и вода ќе има за сите земјоделци.

-Населението во Балван неколкупати беше предупредувано дека водата не смее да се краде, туку дека водата е за сите. Истото право го имаат и во Свети Николе. Со асистенција на полицијата вчера беа затворени затворачи, и денеска во овчеполско вода има. Согласно направениот договор, иако доцниме со испорака на вода заради кражбите, вели Богатинов.

Богатинов забележа дека мора да се врати солидарноста кај земјоделиците за сите да добијат навремено вода за наводнување на нивите.

-Нема солидарност кај земјоделците, некои наводнуваат и по неколкупати, некој ниту еднаш. Ќе кажам повторно совеста треба да проработи, додава Богатинов. Од полицијата потврдуваат дека тие биле повикани со цел да се воспостави поволен јавен ред и мир. Додаваат дека нарушувања во текот на вчерашниот ден немало.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокадиводостопанствоДолни Балванземјоделцикражби
Претходен напис Бензините поскапуваат за еден, а дизел горивата за два денара по литар
Следен напис Во Србија двајца заразени со вирусот Западен Нил, заразени комарци регистрирани на три локации
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?