Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сакате да се ослободите од лебарките: Обидете се со овие топчиња, не се отровни за луѓето и милениците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сакате да се ослободите од лебарките: Обидете се со овие топчиња, не се отровни за луѓето и милениците
Магазин

Сакате да се ослободите од лебарките: Обидете се со овие топчиња, не се отровни за луѓето и милениците

Објавено 30/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Без разлика дали живеете во нов или стар станбен комплекс, доколку сте корисник на градска канализација, можноста во вашиот дом да се вселат лебарки е подеднакво иста. Од овие инсекти не може да се спасат ниту луѓето кои живеат во куќа, а во обид да се ослободат од нив посегнуваат по различни методи. Дури и ангажирање на фирма за дезинсекција и дератизација понекогаш не е доволна бидејќи треба да се направи во сите станови и ако остане и една лебарка за кратко време ужасот се враќа.

Лебарките се мали инсекти кои живеат на темни и тивки места, тие се инсекти кои своето живелиште го развиваат во затворен простор и сакаат да бидат во близина на електрични уреди, ѓубре и кеси.

Во случај на згради за колективно домување или комплекси за заеднички бизниси тие лесно може да се придвивижат до една просторија во друга преку електричната и водоводната инсталација.

Најчесто можете да ги забележите во: кујната, електричните уреди и местата за отпадоци, на темните и влажни места во вашиот дом. Иако вие не секогаш може да ги забележите тие се движат насекаде во домот, од намирниците во фрижидерот до корпата за отпадоци. При движењето лебарките разнесуваат нечистотија, бактерии кои предзвикуваат труење со храна и дизентерија и воедно лебарките може да пренесат алергени на различни предмети и храни.

Поради нивното брзо размножување, отпорност и специфичен начин на живот лебарките знаат да бидат голем проблем за вашиот дом или бизнис. Се смета дека се отпорни дури и на радијација.

Во обид за спас, луѓето посегнуваат по разни отрови, но понекогаш и не можат секаде да го направат тоа, особено ако имаат мали деца или миленици.

Затоа, можете да се обидете со овој природен начин, или со помош на познатата борна киселина, која има многу лековити својства, за лебарките е отровна и болна и може да се најде во најблиската аптека.

Во сад ставете една жолчка од јајце, помешајте ја со 30-50 грама борна киселина во прав, боракс или ациди борици.

Состојките измешајте ги во густа маса, а потоа направете топчина од околу еден сантиметар. Доколку не можете да ја најдете во прав, тогаш ставете и 100 мл. 3% течна борна киселина и малку брашно па замесете ја смесата и направете топчиња.

Почекајте смесата да се исуши (околу 1 час) и потоа поставете ги топчињата низ домот на видни места, притоа имајте предвид дека тие видни места не треба да бидат видни за вас, туку за лебарките, во скриените агли, во близина на електричните уреди, во ќошевие од домот, и особено во кујната и бањата.

Овие топчиња се безопасни за луѓето и домашните миленици, така што може безбедно да се стават во куќа или стан со мали деца, кучиња и мачки. Борната киселина не е токсична.

Кога лебарката ќе дојде во допир со ова топче таа се разболува, потоа ги заразува и другите лебарки и за кратко време умира. Имајте во предвид дека нема веднаш да се отрови, но за кратко време во вашиот дом единствено што ќе видите се мртви лебарки и само треба да ги исчистите.

Доколку по неколку месеци повторно ги забележите, повторете го овој рецепт. Луѓето кои се обиделе, велат дека е многу успешен.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Претходен напис Локализирани пожарите кај Неготино и Демир Капија
Следен напис МЗШВ: Известување до земјоделците од овчеполието
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?