Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЈП Стрежево ги активира сите цевководи за водокорисниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЈП Стрежево ги активира сите цевководи за водокорисниците
АгровестиШумарство и водостопанство

ЈП Стрежево ги активира сите цевководи за водокорисниците

Објавено 26/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЈП Стрежево-Битола ги активира сите 10 цевководи и испорачува по 1000 литри вода во секунда за сите водокорисници, соопштија од тамошното јавно претпријатие.

Според генералниот директор Методија Граматковски, за жедното Битолско Поле по Главниот канал се испорачуваат и до 9 метри кубни вода.

-Во последниве недели по Главниот канал на хидросистемот Стрежево за водокорисниците се испорачува околу 9 метри кубни вода. Сите 10 главни цевководи се под притисок и на некои од  нив се испорачува  вода и по 1000литри во секунда. Мора да напоменеме дека само за 20 дена во јули потрошени се околу 10 милиони метри кубни вода, но за жал заради големата суша земјоделците истовремено ги наводнуваат своите култури па така кај последните цевководи кај некои делнични цевководи во населените места се појавува и недостаток на вода. Апелираме за рационално и планско користење на водатата за наводнување се со цел да се задоволат потребите и на земјоделците и од поодалечените и повисоките места од хидросистемот, посочи Граматковски.

Од ЈП Стрежево-Битола апелираат самоиницијативно да не се користи хидромеханичката опрема за да не настанат непосакувани дефекти на опремата и цевководната мрежа.

-Вода има доволно во акумулацијата за сите водокорисници но потребно е штедење. Во моментов акумулацијата е полна и има капацитет од 92 милиони метри кубни, нагласи Граматковски.

ЈП Стрежево во овој момент ги вклучи четирите прибрански хидроцентрали од кои произведуват струја а потоа истата вода ја испорачуваат до водокорисниците, потврдија од претпријатието.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водокорисницитеСтрежевоцевководи
Претходен напис Каква е ситуацијата со производството, извозот и увозот на домати во ЕУ?
Следен напис Цевководот Макарија е експресно саниран, овој викенд ќе потече вода
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?