Европската Унија очекува стабилно производство на свежи домати во 2023 година. Има поголем увоз од земји како Мароко и Турција, додека извозот од ЕУ во Обединетото Кралство, Азија и Северна Америка продолжува да паѓа, пишува во летното издание за краткорочните изгледи за земјоделските пазари, објавено од Европската комисија.
Во извештајот се нагласува дека производителите се соочуваат со долгорочни предизвици, како што е енергијата, чии високи трошоци влијаат на целиот синџир на снабдување. Сепак, во извештајот се посочува и дека некои одгледувачи профитирале поради енергетските екстреми, што во некои случаи би можело да го надомести помалото производство.

Додека пазарот на свежи домати е стабилен, кога станува збор за индустриските, забележан е раст од 8,4%. Потрошувачката на свежи домати изнесува 15 кг по лице. Сè попопуларни стануваат помалите доматите, што резултира со помалку вкупни килограми.

Како и производството, зголемена е и индустриската потрошувачка на овој омилен зеленчук и тоа за осум проценти.

Увозот на свежи домати би требало да се зголеми за 7% на 850.000 тони. Извозот со години паѓа, а во 2023 година се предвидува дека ќе биде 6%. Како главни причини за падот на извозот во Обединетото Кралство, Азија, САД и Канада се наведуваат конкуренцијата од трети земји, високите трошоци и царинските прашања.

Повеќе детали може да најдете на следниот ЛИНК
