Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека ќе се изврши комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле.
„Денес, согласно Програмата за водостопанство го потпишуваме договорот за комплетна реконструкција на пумпната станица Дебарско поле при што ќе биде направена целосна модернизација на машинскиот и електричниот дел и ќе се инсталира SCADA систем.
Ова е прва фаза од целосно комплетирање на наводнувањето во дебарско. МЗШВ има целосна техничката документација каде е предвидена комплетна реконструкција на пумпната станица, реконструкција на главниот канал и реконструкција и доградба на деталната мрежа за наводнување, со што би се наводнувале вкупно 2000 хектари, односно би се зголемиле земјоделските површини за наводнување.
Работите на пумпната станица ќе се извршат за 12 месеци, при што овој капитален објект ќе биде целосно обновен и ставен во функција, а со тоа ќе се обезбеди непречено снабдување со вода за земјоделците од дебарско.“, рече Николовски.
