Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научниците направиле материјал на база на печурки кој може да се користи во градежништвото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Научниците направиле материјал на база на печурки кој може да се користи во градежништвото
АгровестиМагазин

Научниците направиле материјал на база на печурки кој може да се користи во градежништвото

Објавено 24/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последно време се споменува можноста за употреба на материјали на база на печурки како огноотпорна изолација. Сега научниците создале материјал со слични својства, наречен микокрет, кој би можел да се користи за изградба на делови од згради во иднина.

Печурките се поврзани една со друга во земјата со мрежи кои личат на корени. Таа мрежа се нарекува мицелиум и е составена од хифи. Ако има соодветни услови, мицелиумот може да се одгледува и собира и да се претвори во цврст материјал. Овој материјал може да има различни примени – како веганска кожа, звучна изолација или материјал за пакување.

Истражувајќи ги можностите за користење на мицелиум, на Универзитетот во Њукасл, Велика Британија, бил создаден микокрет – паста направена од спори на мицелиум и житарки со кои се хранат спорите. За да се постигне поголем волумен, во пастата се додава хартиен прав, грутки од хартиени влакна, вода, глицерин и ксантанска гума.

Оваа паста потоа се инјектира во калап од ткаенина кој пропушта кислород и потоа се става во топла, темна и влажна средина. Спорите на мицелиумот потоа растат, во пастата се формираат хифи и таа се претвора во цврста тродимензионална структура која одговара на обликот на калапот.

Процесот се завршува со поместување на микокретот средината за одгледување, а потоа следи сушење што го спречува понатамошниот раст на печурките.

Во рамки на демонстрацијата на концептот, истражувачите направиле самостоечка структура во облик на купола, наречена BioKnit, која е направена од едно парче микокрет без споеви. Тестирањата покажале дека овој материјал е значително појак од другите експериментални градежни материјали базирани на мицелиум и дека помалку се собира од нив при сушењето.

Главниот научник на истражувањето д-р Џејн Скот (Џејн Скот) истакна дека механичките карактеристики на микокретот, во комбинација со калапот за ткаенина, се значаен резултат и чекор напред кон употребата на мицелиум и текстилни биохибриди во градежништвото.

Резултатите од ова истражување беа објавени во списанието Frontiers in Bioengineering and Biotechnology.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Frontiers in Bioengineering and Biotechnology.mycocreteПечиркпечурки
Претходен напис Бачовски: Да создадеме здрави навики од најмала возраст и да ги научиме децата дека тоа што го јадат е произведено дома
Следен напис Употребата на штетни пестициди во ЕУ е намалена за една третина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?