„Фестивалот на жетвата“ е манифестација која вторпат ќе се одржи во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава, велат од Општината.
Фестивалот ќе се одржи на 21.07.2023 и 22.07.2023 година.
Овој фестивал ќе биде дводневен хепенинг кој покрај забавниот дел, ќе содржи и едукативен и изложбен дел, односно ќе присуствуваат и изложувачи на разни видови земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи, домашна традиционална храна, винарии и сл.


