Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ПОБРЗАЈТЕ: Подготвителниот период за новиот ИПАРД 3 тече, првите повици ќе бидат објавени до крајот на август!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ПОБРЗАЈТЕ: Подготвителниот период за новиот ИПАРД 3 тече, првите повици ќе бидат објавени до крајот на август!
АгровестиФондови

ПОБРЗАЈТЕ: Подготвителниот период за новиот ИПАРД 3 тече, првите повици ќе бидат објавени до крајот на август!

Објавено 20/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Според најавите на Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, првиот повик од новата ИПАРД 3 програма ќе биде објавен крајот на август.

Потсетуваме дека веќе тече подготвителниот период за сите што се заинтересирани за аплицирање и нови инвестиции

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2023 година се наменети за следните мерки:
➢ Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства и
➢ Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси.

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во примарното земјоделско производство (вклучително и земјоделска механизација) и инвестиции во насока на диверзификација на земјоделските активности и развој на бизниси во руралните средини.

https://www.youtube.com/watch?v=G_5iOnts_mQ

– Јавниот повик ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување во дневните весници. Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија. Очекуваме квалитетни апликации – вели директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.


Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.
Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и Упатствата за корисници на средства по содветната мерка од ИПАРД Програмата 2021-2027 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик.

За повеќе информации околу повикот и подготовка на апликации можете да се обратите во #КанцеларијаАгротим на телефонските броеви – 070/ 267- 789, 071/ 285- 385, 071/ 225 – 345

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:августбачовскиипард 3мзшвминистернајновониколовскисубвенции
Претходен напис УХМР: Актуелно метео предупредување
Следен напис Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?