Согласно Законот за шумите, член 92 и 97 стопанисувањето со приватните шуми го вршат сопствениците, а услугите за извршување на стручните работи од областа на шумарството ги вршат Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми, Национални шуми и другите субјекти задолжени да управуваат со заштитените подрачја.
Стопанисувањето со приватните шуми се врши врз основа на донесени посебни планови за стопанисување, програми или критериуми за стопанисување со шумите во приватна сопственост. Посебните планови и програми за стопанисување со шумите во приватна сопственост ги донесуваат сопствениците на шумите, а ги одобрува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството.
Во текот на 2022 год. одобрени се вкупно 259.908м3. Од вкупно одобрената дрвна маса во овој период реализирано е 28.442м3 техничко и 201.926м3 огревно дрво. Трошоците кои произлегуваат од работата во приватните шуми, согласно важечките законски прописи ги обезбедуваат самите сопственици врз основа на важечкиот Ценовник за ознака и други услуги за шумите, меѓите и осамени дрва во приватна сопственост на ЈП Национални шуми. Средствата кои се остварени од ознака на техничко и огревно дрво од шума и ознака на дрва од меѓи во приватна сопственост во 2022 год. изнесуваат 65.868.533 денари.
ЈП Национални шуми
