Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗК Пелагонија: Најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс напроизводителите на жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЗК Пелагонија: Најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс напроизводителите на жито
Агровести

ЗК Пелагонија: Најавата од млинарите за откуп на пченицата за 9, 10 и 11 денари за килограм ќе доведе до колапс напроизводителите на жито

Објавено 17/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Во услови кога сточното брашно има цена од 12 денари за килограм, несватлива и нереална е најавата од млиновите во Македонија дека пченицата од годинешната реколта ќе ја откупуваат по цена од 9, 10 и 11 денари. Ваквата цена е нереално ниска и ќе доведе до колапс на домашниот сектор за производство на жито, се вели во реакцијата на ЗК Пелагонија.

Ваквата откупна цена, според нив, ќе доведе до загуба на производителите на пченица, а загубата кај примарното производство значи загуба и во следната година. Земјоделецот нема да има средства за набавка на потребните репроматеријали за финансирање на следна реколта, што значително ќе се одрази и на квантитетот и квалитетот на идното производство.

-Ние ЗК ПЕЛАГОНИЈА АД Битола како најголем производител на пченица кој со години наназад целокупното производство го предава на Македонските млинови поддржувајќи го македонското производство на брашно, а со кои имаме долгогодишна успешна соработка, сакаме да презентираме неколку факти поврзани со производството на брашно во Македонија, велат од Комбинaтот.

Имено, ако се знае дека при преработка на 1000 тони пченица, се добиваат 300 тони сточно брачно, 330 тони брашно ТИП 500 и 370 тони брашно ТИП 400 и ако на тоа се додадат трошоци за преработка на пченица и тоа за електрична енергија, амбалажа, работна рака, како и остварување на добивка, пресметките покажуваат дека откупната цена пченицата треба да изнесува 14,42 ден./кг.

Споредбено со цените на светскиот пазар и во соседството, откупната цена на пченицата на светската берза МАТИФ изнесува 232,75 евра за тон, а во Србија изнесува 195 евра за тон, плус од 35 до 40 евра за превоз, односно цената со испорака во Македонија чини најмалку 230 евра за тон, односно 14,20 ден./кг што значи дека и набавката на пченица од Србија во моментов изнесува многу повеќе од бараните цени на млиновите во Македонија.

Со оглед на сето претходно наведено, сакаме да укажеме дека здружувањето на млинарите со цврст став да ја откупуваат пченицата по ниски цени, нема никаква реална основа земајќи ги во предвид сите пазарни услови и воопшто нема никаков фер однос кон производителите на пченица“, велат од ЗК Пелагонија.

Доколку се дозволат бараните нереално прениски цени од млинарите, според нив, тоа ќе доведе до загуба на производителите и прашање е само колку истата ќе изнесува, односно дали доколку се обезбеди одредена финансиска помош од страна на државата, ќе се успее да се дојде до позитивна нула.

-Инсистираме да се има предвид и да се води посебно сметка дека пченицата е стратешки производ за Македонија, а неоснованото задирање и нарушување на пазарот на пченица повлекува негативни последици врз целокупното стопанство и економските текови на државата“, се додава во реакцијата на ЗК Пелагонија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:зк пелагонијамакедонијапазарипченицасубвенции
Претходен напис Во Брисел почна објаснувачкиот скрининг за Кластер 5 – Ресурси, земјоделство и кохезија
Следен напис И денеска температури над 40 степени и УВ индекс 10
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?