Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скок на цената на пченицата и на пченката на берзите во САД по одлуката на Русија да се повлече од Договорот за извоз на житарки преку Црно Море
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скок на цената на пченицата и на пченката на берзите во САД по одлуката на Русија да се повлече од Договорот за извоз на житарки преку Црно Море
Агровести

Скок на цената на пченицата и на пченката на берзите во САД по одлуката на Русија да се повлече од Договорот за извоз на житарки преку Црно Море

Објавено 17/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на пченицата денеска на берзите експресно пораснаа откако Русија се повлече од учеството во Иницијативата што гарантираше безбеден извоз на житарки преку Црното Море, наведуваат трговците.

На берзата во Чикаго, фјучерсите на пченицата поскапеа за 3,4 отсто на 6,84 долари за бушел.

Цените на пченката, исто така, се зголемија, за два отсто, на 5,16 долари за бушел.

Предизвикувач за ова поскапување е денешната најава на Русија за суспензија на учеството во иницијативата со која се гарантира безбеден извоз на житарки и вештачки ѓубрива од три украински пристаништа на Црното Море, според договорот меѓу Русија, Украина и Турција, постигнат во јули минатата година со посредство на Обединетите нации.

Договорот беше склучен на 120 дена, а во ноември минатата година беше продолжен за уште 120 дена и во март за уште 60 дена. Последниот рок истече денеска, а Русија пред два часа соопшти дека се повлекува од договорот бидејќи не се почитуваат одредбите за нејзиниот извоз.

ОН минатата недела соопштија дека од почетокот на август минатата година до 10 јули годинава, од три украински пристаништа на Црното Море се извезени 32 милиони тони жито во 45 земји на три континенти.

Најголем дел од житото беше извезено во Кина, речиси осум милиони тони. Следат Шпанија и Турција со шест, односно 3,2 милиони тони. Меѓу петте главни увозници беа и Италија и Холандија, со 2,1 и два милиона тони жито.

Пченицата сочинува околу една четвртина од извозот, а пченката половина.

Делумното продолжување на украинскиот извоз го забави растот на светските цени на храната, кои во јуни, според индексот на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН, беа за 11,6 отсто пониски во однос на јули минатата година.

Договорот, исто така, гарантираше извоз на вештачки ѓубрива, вклучително и амонијак, за поддршка на сигурно снабдување со храна низ целиот свет.

„Меѓутоа, ѓубрива и амонијак досега не се извезени како дел од иницијативата“, се наведува во соопштението на ОН од 10 јули.

Според податоците на Светската банка, Русија е најголемиот светски извозник на ѓубрива и значаен извозник на жито, но нејзиниот извоз е попречен поради санкциите од Западот.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:берзапченица
Претходен напис На што треба да внимавате за да добиете здрави, големи и вкусни плодови од модриот патлиџан
Следен напис Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?