Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) За секое дете по еден килограм праски, сливи, круши… – Започна кампањата „Здрав оброк за секое дете“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) За секое дете по еден килограм праски, сливи, круши… – Започна кампањата „Здрав оброк за секое дете“
Агровести

(ФОТО) За секое дете по еден килограм праски, сливи, круши… – Започна кампањата „Здрав оброк за секое дете“

Објавено 17/07/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кампањата „Здрав оброк за секое дете“ денеска имаше официјален почеток. Утрово, низ сите градинки во државава веќе пристигнаа првите пратки со домашни македонско кајсии од Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска ги поделија првите 150 килограми кајсии за сите 150 деца од клонот „Панорама“ на градинката „Кочо Рацин“.

Кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа, произведени во нашите овоштарници, под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста, од денеска па се до декември, редовно, еднаш неделно, ќе се дистрибуираат до сите градинки, за сите 38.000 деца.

„Започнуваме со 90.000 килограми кајсии, кои денеска се дистрибуираат низ сите градови и села во државава. По дистрибуцијата на кајсиите, ќе започне дистрибуција на 175.500 кг праски, па потоа 168.000 кг сливи и на крај заклучно со декември ќе се поделат 74.000 кг круши и 370.000 кг јаболки. И тоа сите домашни, македонски, од прва класа и произведени во нашите овоштарници, од нашите земјоделци. Одгледани под ова наше парче небо и зреени со македонската сончева енергија, која раѓа вкус кој се памти цел живот. Годинешната Програма за откуп на овошје е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа свежо сезонско домашно овошје“ изјави министерот Николовски.

За потсетување, минатата година беа откупени околу 750.000 килограми наши домашни јаболка и беа дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици.

„Здравата исхрана на децата од најмала возраст е од особено значење за нивниот правилен психо-физички раст и развој. Денеска започнавме со дистрибуција на кајсии, а во текот на следниот период ќе следува дистрибуцијата на останатите овошки кои се карактеристични за нашето поднебје. Учествувавме во креативните работилници каде што со децата правевме сок од свежо овошје, колачиња кои исто така во составот содржат овошје и изработка на цртежи на тема овошје. Сето ова со цел да ја подигнеме свеста за значењето на овошјето во секојдневната исхрана и ги развиваме навиките за негова консумација од најмала возраст“ изјави министерката Тренчевска.

Со кампањата „Здрав оброк за секое дете“, придонесуваме децата да се хранат здраво, да стекнуваат навики и да растат здраво. Истовремено им помагаме на земјоделците со откупот на домашното производство.

„Од следната година се планира освен овошје, да се откупува и зеленчук, а крајната цел е да се откупува и млеко и млечни производи и при тоа, освен децата од градинките и училиштата да се прошири опсегот и да ги опфатиме и болниците и армијата. На тој начин сите наши установи ќе подготвуваат здрави оброци од домашни македонски производи, а нашите земјоделци ќе имаат редовен откуп, бидејќи програмата јасно дефинира дека ќе се откупува само од домашно производство“ потенцираше Николовски.

Програмата за откуп на свежо овошје е една од седумте нови програми кои министерството ги воведе токму од оваа година, со цел зголемување на домашното производство и унапредување на земјоделскиот сектор.

Може да ви се допадне

АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Таг:здрав оброк
Претходен напис Намален водостојот на Преспанското Езеро
Следен напис Русија: Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море нема да биде продолжен
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?