Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сателитските снимки покажуваат дека океаните ја менуваат бојата: Дури 56 отсто од нив станале зелени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сателитските снимки покажуваат дека океаните ја менуваат бојата: Дури 56 отсто од нив станале зелени
АгровестиМагазин

Сателитските снимки покажуваат дека океаните ја менуваат бојата: Дури 56 отсто од нив станале зелени

Објавено 14/07/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сателитските податоци покажуваат дека во текот на изминатите 20 години, бојата на океанот се променила од сина во зелена во 56 отсто од светските океани. Промените се особено видливи во тропските области, во близина на екваторот.
Научниците велат дека ова суптилно позеленување на нашите океани укажува на ефектот на климатските промени врз подводниот живот.

Сателитот Модис-Аква на НАСА ја сними постепената промена од сина во претежно зелена нијанса во повеќе од половина од светските океани, а областа што ја промени бојата е поголема од целата копнена маса на Земјата.

Научниците од Националниот океанографски центар во Саутемптон, Велика Британија, ги анализирале податоците на НАСА и веруваат дека зелената боја е знак за промена на екосистемите поради климатските промени.

Промената на бојата на океаните може да укаже на поголем проблем и би можела да ја одрази промената во состојбата на екосистемот, велат авторите на студијата. Темно сината означува помалку живот, додека зелените нијанси укажуваат на поголема активност на фитопланктоните.

Но, бојата на океанот може да се менува од година во година, а нивоата на хлорофил на површината многу се разликуваат. Затоа, тешко е да се заклучи дали климатските промени влијаат на промената на бојата.

Научниците веруваат дека океаните треба да се набљудуваат и до 40 години пред да се забележат какви било патологии поради климатските промени. Исто така, различни сателити ги мерат промените на бојата на различни начини, што значи дека добиените податоци треба да се комбинираат.

Со цел подлабоко да се истражи промената на бојата на океаните, мисијата на НАСА наречена „Пејс“ треба да биде лансирана во јануари 2024 година. Таа ќе ги следи планктоните, аеросолите, облаците и океанскиот екосистем.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:NASAНАСАокеан
Претходен напис УХМР: Топлотниот бран ќе продолжи и наредната недела
Следен напис ЕУ им помага на ОН и Турција да го продолжат договорот за извоз на жито преку Црното Море
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?