Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени договорите за неповратна финансиска поддршка во форма на грант до 10.000 евра, за инвестиции на земјоделски производители на храна од животинско потекло, од Програмата за мали производители.

Ова е нова програма која е воведена за прв пат, како една од клучните промени во реформата за поддршка на малите производители. Договорите се со вкупна вредност од 8. милиони денари, наменети за развој на сточарското производство, за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско потекло.

„Предноста на оваа финансиска поддршка е авансната исплата, што значи дека сите добитници на грант, веднаш по потпишување на договорот, во рок од 10 дена ќе ги добијат парите, со кои треба во рок од 45 дена да ја набават опремата за која аплицирале. Целта е преку финансиска поддршка да се помогне на малите земјоделски стопанства, на малите фарми, да ги зголемат капацитетите и со тоа да си го зголемат приходот и да изградат сопствени брендови“ изјави министерот Николовски.



Агротим им честита на сите добитници на грантот од 10 000 евра. Меѓу нив се и Берат Селими, сопственик на ДАНИ ФАРМ од Бродец и фармерот Фадил Дехари чии аликации за повикот ги изработија нашите консултанти.
Канцеларијата на Агротим продолжува и натаму да ги поддржува нашите вредни земјоделски производители со навремени информации, сервисни услуги како и изработка на апликации за сите мерки од Владата.
